10 Мај, 2024
0.0240

Агенциите на Обединетите нации загрижени за условите во транзитните центри и центарот за азил

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Поради постепеното заострување на критериумите за влез во земјата во февруари 2016 година и конечното затворање на границите од Западниот Балкан за нередовно движење на 7 март 2016, група од околу 1.000 лица остана во државата, без можност да продолжи до својата конечна дестинација. Речиси сите се од Сирија и Авганистан. Во моментов, околу 770 лица се сместени во транзитниот центар Табановце на северната граница, а околу 138 престојуваат во транзитниот центар Винојуг, на јужната граница во Гевгелија. Дополнително, 61 лице е во центарот за баратели на азил во Визбегово, каде што чекаат на одлуки за поднесените барања за азил, а дополнителни 12 ранливи поединци се сместени во куќа за згрижување во Скопје.

Агенциите на Обединетите нации се сериозно загрижени поради условите во коишто живеат овие лица. Двата главни центри за сместување се проектирани, изградени и опремени исклучиво како транзитни центри, со можност за згрижување на минувачки посетители до најмногу 24 часа. Тие не се центри за престој. Лицата кои престојуваат во речиси празниот камп во Винојуг ги користат креветите на спрат во контејнерите, но во Табановце има недостаток од кревети и мнозинството луѓе кои престојуваат таму спијат на клупи, на подот во колективните засолништа, или надвор во шатори. Немаат приватност. Често снемува струја. Греењето кога надвор студи и ладењето кога надвор е топло се несоодветни. Санитарните услови се примитивни. Слободата на движење е ограничена, што ги принудува луѓето да живеат во услови слични на притвор.

Повеќето од луѓето во Табановце живеат во вакви услови повеќе од два месеца. Владата, агенциите на Обединетите нации и невладините организации направија големи напори за да ги приспособат центрите на новите потреби, но тие се сè уште несоодветни за подолг престој.

Условите во центарот во Визбегово за барателите на азил се исто така незадоволителни. Лицата таму добиваат неквалитетна храна и во недоволни количини; хигиената е на ниско ниво; нема топла вода; нема реквизити и можности за рекреација; и пристапот до информации е несоодветен.

Ваквите лоши услови особено загрижуваат поради високиот број ранливи и кревки лица помеѓу бегалците и мигрантите во земјата. Профилирањето на поединци коешто неодамна го спроведе УНХЦР покажа дека жените и децата претставуваат повеќе од две третини од целата група. 28 жени се бремени, а 4 се во деветиот месец на бременоста. 32 мајки дојат. 187 од вкупно 517 деца се под петгодишна возраст, а во групата луѓе кои се во моментов сместени во Табановце има и неколку новороденчиња родени во изминатите два месеца. 49 се самохрани родители кои патуваат со децата. Има 26 лица со попреченост. 127 страдаат од сериозни здравствени состојби. Сите овие лица имаат специфични потреби во врска со кои во моментов речиси и да не се постапува.

Ваквите тешки услови дополнително го зголемуваат и онака високиот ризик од сексуално и родово насилство, особено каде што неизвесноста, наметнатата неактивност и материјалните ускратувања доведуваат до фрустрација. На жените и девојчињата кои се соочуваат со ризик од експлоатација и трговија со луѓе треба да им се обезбеди дополнителна заштита.

Агенциите на Обединетите нации бараат од Владата да преземе итни мерки за да ја подобри оваа ситуација, а конкретно на бегалците и мигрантите да им понуди сместување кое е соодветно за подолгорочен престој. Агенциите на Обединетите нации се подготвени да обезбедат и техничка и финансиска поддршка за изнаоѓање решенија кои ќе понудат поголемо почитување на човечкото достоинство и дополнителна заштита за големиот број ранливи лица.

Обединетите нации го препознаваат огромниот предизвик со кој се соочува државата поради големиот транзит на мигранти и бегалци. Истовремено, тие имаат целосна доверба дека државата е целосно способна да обезбеди похумани услови за 1.000 бегалци и мигранти кои се во моментов сместени во центрите за транзит и азил. Агенциите на Обединетите нации ја потврдуваат нивната подготвеност да ги поддржат државните власти и партнерите од невладините организации во овој напор да се излезе во пресрет на основните потреби и да се заштитат човековите права.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори