17 Декември, 2025
0.0519

АГРОКОР-МЕРКАТОР: Овој човек станува еден од највлијателните на Балканот!

Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2014 11:31

Добивај вести на Viber

Хрватската прехранбена групација Агрокор денеска ја финализира транскацијата за купување на 53% од словенечкиот трговски синџир Меркатор. Иако понудата на Хрватите беше прифатена уште во јуни лани, сепак дури сега Агрокор успеа да ги обезбеди сите одобрувања за зделката, тешка над половина милијарда евра. Сопственикот на Агрокор Ивица Тодориќ веројатно ќе стане еден од највлијателните луѓе на Балканот откако неговата компанија ќе го заврши преземањето на Меркатор, но во истовреме ќе застане на чело и на една од најзадолжените групации во регионот, пишува љубљански Дневник. Од него директно ќе зависат 57.000 работни места во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, а посредно и неколкупати повеќе. Новосоздадената компанија „џин“ ќе биде далеку најзадолжена на Балканот со вкупен долг од 5,3 милијарди евра. Но, во истовреме, таа е преголема за да пропадне, затоа што може да предизвика колапс на целиот финансиски систем на Балканот. Затоа, словенечките медиуми пишуваат дека на овој начин Тодориќ успеал да го спаси од пропаст не само задолжениот Меркатор, туку и сопствената деловна империја. Во Хрватска, купувањето на Меркатор од страна на Агрокор се оценува како „деловен потег на деценијата“ и „вистинско економско чудо“. „Да се случеше оваа транскација пред десетина години, односно пред кризата која длабоко го погоди пазарот на малопродажба во регионот на Југоисточна Европа, каде што работат овие две компании, оваа трансакција ќе имаше неспоредливо поголемо значење“, вели економскиот аналитичар Дамир Новотни за хрватската агенција Хина. Но, зделката наидува и на отпор, особено кај словенечките синдикати, кои инсистираат дека „спојувањето никако не требаше да се случи, затоа што би можело да има катастрофални последици“. За недела попладне најголемото словенечко синдикално здружение закажа протест во центарот на Љубљана на сите оние кои се против продажбата на овој најголем работодавач во Словенија на Хрватите.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии