И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2025 07:46
Возачот кој е под дејство на опојни дроги и психотропни супстанци не смее да управува со возилото во сообраќајот на пат, ниту да започне да управува со возило. Ќе смета дека е под дејство на опојни дроги или психотропни супстанци, лицето за кое со анализа на крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење ќе се утврди присуство на овие средства во неговиот организам.
Ова се дел од новите одредби кои ќе се внесат во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Група пратеници во Собранието поднесоа измени на законот со кој се уредува безбедноста на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесници во сообраќајот...
- Високата стапка на сообраќајни незгоди со смртни последици и тешки телесни повреди, ја вбројува Македонија меѓу земјите со неповолна сообраќајна безбедност во Европа. Состојбата е резултат на повеќегодишно кумулирање на системски слабости меѓу кои: правната рамка за спречување на управување моторно возило под дејство на опојни дроги и психотропни супстанци, нефункционалниот систем за проверка на стручната оспособеност на предавачи, возачи-инструктори, контролори и испитувачи во автошколите и испитните центри, како и недоволната имплементација на автоматското утврдување и санкционирање на сообраќајните прекршоци преку технички средства– посочуваат пратениците во предлог измените на законот.
Во законот е посочено дека со предложените законски решенија се фокусираат на воведување на нула толеранција за опојни дроги и психотропни супстанци зад воланот, измени во системот за стручни испити во автошколите и испитните центри,со цел да не дојде до застој во нивното континуирано вршење на работите, како и имплементација на проектот „Безбеден град“.
Додаваат дека за обезбедување повисоко ниво на сообраќајна дисциплина и безбедност, се воведуваат јасни, применливи и ефикасни решенија. Со измените се враќање на надлежноста за полагање на стручните испити за предавач и возач-инструктор воавтошколата, контролор, испитувач по наставна програма од сообраќајни правилаи прописи и испитувач по наставна програма од управување со возило во испитен центар, во Министерството за внатрешни работи, целосно операционализирање на електронскиот систем за автоматско санкционирање, како и дополнително уредување на работата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
- Подобрувањето на состојбата се очекува да се постигне преку улогата на „Безбеден град“ (познат и како „Safe City“), кој претставува интегриран електронски систем за надзор и автоматско откривање на сообраќајни прекршоци, кој Министерството за внатрешни работи го имплементира со цел значително да ја подобри безбедноста на патиштата. Овој систем, преку слични модели е воспоставен и функционира и во други земји, користи напредни технологии како стационарни и мобилни камери, сензори, радари и алгоритми за препознавање на регистарски таблици, за да ги документира и санкционира прекршоците во реално време– се појаснува во законот.
Притоа се посочува дека целта не е репресија,туку превенција – намалување на ризичното однесување кај возачите преку неселективен надзор, што се очекува да ги намали сообраќајните несреќи.
- Доставувањето на известувања се врши преку СМС, е-маил или со линк за преземање на записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, фотозапис и видеодоказ, а снимките се чуваат заради заштита на приватноста. Во пробниот период, кој започна на 1 декември фокусот е на пречекорување брзина, минување на црвено светло, нерегистрирани возила и непрописно паркирање, со планирано проширување на видот на прекршоци– се појаснува во законот.
Безбеден град ќе почне да функционира целосно од февруари 2026 година, а во законто е посочено дека дури и минимално пречекорување ќе биде санкционирано.
П.О.Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




