16 Декември, 2025
0.2641

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

Објавено во: Економија 16 Декември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии на „Бехтел и Енка“, изведувачот на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д, ќе му исплати уште екстра 15 милиони евра до крајот на годината како вишок на средства кои останале непотрошени а првично во буџетот биле предвидени за други намени. 

Владата ја промени програмата за финансирање на седница на 11 декември и на Јавното претпријатие „Државни патишта“ како инвеститор на проектот за изградба на автопатите Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола ќе му исплати 139, наместо 124 милиони евра за оваа година преку Министерството за транспорт.

Во одлуката пишува дека сумата од 7.592.500.000 денари се заменува со износот 8.497.650.000 денари, а вакво нешто без да споменува бројки претходно најави министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.

Во Собранието беше поднесена Предлог одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите, а Димитриеска-Кочоска на почетокот од месецов тогаш рече дека вообичаено е на крајот на една година да се направи прераспределба на средства од буџетот и дека поголем дел од средствата од 200 милиони евра што ќе се пренаменуваат, ќе оди за „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д.

Финансирањето на проектот за изградба во кој како оператор е ангажиран конзорциумот „Бехтел и Енка“ се реализира со пари директно од државниот буџет, додека останатите покрупни проекти јавното претпријатие „Државни патишта“ ги финансира со пари од меѓународните кредитори.

Како што објави претходно директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, по увидот во изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, на делниците 1 и 2 (Гостивар-Тетово и Гостивар-Букојчани) работат околу 1200 лица и вклучени се повеќе од 750 различни машини и механизација. Во наведните бројки вклучени се и подизведувачите.

- Во моментов 60 проценти од снабдувачите и 90 проценти од подизведувачите се домашни компании, изјави Трајановски.

Активности на терен согласно со Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра се спроведуваат од 22 април 2023 година. Се уште нема работи за третата делница Требеништа - Ќафасан (22 километри), каде треба да се ревидира трасата за да се зачува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот. 

На почетокот на годинава „Државни патишта“ во програмата за работење за 2025 испланира вкупно 150 милиони евра за „Бехтел и Енка“. Од овие средства, 130 милиони евра веќе беа предвидени во државниот буџет за оваа година за американско-турскиот конзорциум, а јавното претпријатие планираше уште околу 20 милиони евра непотрошени од претходните години кои дополнително требаше да се префрлат за операторот, според програмата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто

Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто

ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата

ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата

Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија

Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија

Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст

Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години

Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци