17 Декември, 2025
0.0588

АГРОКОР-МЕРКАТОР Тодориќ: Ќе направиме чудо со спојувањето!

Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2014 11:23

Добивај вести на Viber

Сопственикот на хрватската компанија Агрокор Ивица Тодориќ, по преземањето на словенечки Меркатор, најавува дека ќе направи најмоќен трговски синџир во регионот. Во изјава за словенечката Планет ТВ, Тодориќ ги отфрлил шпекулациите дека ќе ги истисне словенечките добавувачи од Меркатор. „Ни требаат партнери. За нив ќе ги отвориме полиците, но мора да бидат конкурентни“, порачува Тодориќ. Тој со исклучителен оптимизам зборувал за иднината на Меркатор. „Некои велат дека сè ќе уништам, а ќе направиме чудо. Меркатор во краток рок ќе стане најмоќен и најуспешен трговец во регионот“, вели Тодориќ, кој смета дека преземањето на словенечката компанија е вистински и одличен деловен чекор. „Трговците во регионот се премали, без здружување не можеме да им конкурираме на глобалните играчи“, изјави сопственикот на Агрокор. Тодориќ тврди дека во Мееркатор нема да има отпуштања, а во Агрокор и неодамна вработил уште 350 нови работници. Во успехот на својот конгломерат воопшто не се сомнева и затоа, вели, се впуштил во ваков ризик. „За ова ги ризикував своите пари. Ако не успеам, ќе загубам сè“, заклучува Тодориќ. Концернот Агрокор го купи словенечки Меркатор за вкупно 544 милиони евра, од кои 324 милиони евра се за стекнување на стопроцентна сопственост, 200 милиони евра за намалување на финансиските долгови на Меркатор, а 20 милиони евра за оперативно финансирање на тековното работење. Двете компании заедно ќе остваруваат речиси седум милијарди евра годишен приход и ќе вработуваат повеќе од 64.000 луѓе, со што ќе бидат водечка компанија во секторот на малопродажба и производство на храна во регионот и пошироко. Но, словенечките синдикати не се согласуваат со преземањето, стравувајќи дека тоа ќе значи откази во Меркатор. Тие за денеска најавија масовни протести во Словенија.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии