14 Мај, 2024
0.0251

Ах, таа математика!

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Главоболките почнаа уште пред математиката да стане задолжителен предмет за државна матура! Средношколците навреме да го загреат столчето! Иако од следната учебна година математиката ќе биде задолжителен екстерен предмет за полагање на државната матура, уште од сега започнаа главоболките на средношколците кои следната година ќе ги фати оваа законска обврска. Го загреваат столчето навреме. Наставниците по математика кои даваат и дополнителни приватни часови, со полни раце работа. Очекуваат бројот на ученици кои ќе бараат дополнителна стручна помош рапидно да се зголеми веќе од идната година, кога сакале -не сакале, гимназијалците ќе мораат добро да се подготват на целиот материјал што го учеле четири години. А, за тоа, на некои од нив со сигурност ќе им треба помош. С.Ј е дипломиран професор по математика веќе шеста година. Овој предмет, го предава во едно скопско основно училиште, но дополнително во слободното време дава часови по математика. Вели, покрај основците, уште од сега и се најавуваат и гимназијалци кои сакаат да им помогне навреме да ја совладаат материјата. Додава, математиката не се учи од денес за утре. “Иако има деца кои од најрана возраст лесно го совладуваат предметот математика, во многу поголем број ги има оние другите кои имаат навистина голем проблем да го направат тоа. Покрај редовните ученици со кои во континуитет работам неколку години и на кои им помагам на дополнителни часови по математика да ги научат математичките проблеми, по најавата дека математиката ќе се воведе како задолжителен предмет за матурата, почнаа да доаѓаат и да прашуваат за часови веќе десетина средношколци. Според мене, овој предмет не е воопшто тежок или недостапен за учениците, но бара континуитет во работата, и ако основата не се совлада од самите почетоци , да речам од четвртто одделени (бидејќи некаде до трето се учат базичните-основни информации), тогаш веќе во погорните одделенија на учениците секоја нова лекција им претставува проблем. Оние кои се трудат да го совладаат барем основното на часовите, веќе секоја нова задача им претставува само дополнување и усовршување на наученото. Па така лесно ќе совладаат од ” равенки со непознат множител до математички задачи со аритметичка прогресија”-вели наставничката по математика С.Ј. МОФ : Сеопфатна анализа за јасна цел! Од Младинскиот образовен форум велат дека сеуште останува нејасна целта на Министерството за образование и наука, предметот математика од изборен да го направи задолжителен, без притоа да се направат анализи кои ќе ја поткрепат измената. “МОФ реагираше на објавата дека се проширува бројот на задолжителни предмети при државната матура, најмногу поради тоа што Министерството за образование и наука не презентираше анализа со која ќе ја оправда мерката, односно остана да виси во јавноста која е целта на воведувањето на математиката како задолжителна во матурските екстерни тестирања. Знаењата на нашите средношколци по математика се ниски, но за тоа да го констатираме не е неопходно да воведуваме задолжителни тестирања. Тоа го потврдуваат резултатите од последното меѓународно истражување TIMSS (International results in mathematics, Trends in international mathematics and science studies) од 2011 година, според кое квалитетот на македонското образование се соочува со сериозен пад. Додека просечниот успех на тестирањето во 1999 година е 447, во 2003та е 435, за во 2011та да се намали на 426, штп претставува сериозен тренд на опаѓање на и онака нискиот просек, на скала од 625 до 400. Македонија се наоѓа вокатегоријата на земји, каде од 15% до 25% од осмоделенците не успеваат да гo постигнат ни основното ниво во категоријата на читање со разбирање, заедно со држави како Иран,Палестина, Сирија. Ако сепак претпоставиме дека целта на МОН е да го зголеми знаењето по математика кај средношколците, МОФ отвора јавна дилема дали тестирањето е вистинската и единствена мерка која ќе донесе ваква промена. Прашуваме што е со наставната програма и наставните методи по математика? Дали во МОН размислиле за потребата од реформа во начинот на предавање математика уште во основно образование, па и во предучилишна возраст, како основа за поголеми знаења, подоцна во средно образование?”-вели Марјан Забрчанец –Извршен директор на Моф. Исто така, додава Забрчанец , имајќи ги во предвид катастрофалните искуства од спроведувањето на екстерното тестирање, министерството треба да процени, а при тоа да ги консултира училиштата и професорите, дали институциите се подготвени да спроведат тестирање со ваков обем, а при тоа да не се случат повторно паѓања на софтверски систем, пробиени тестови, прекршувања законски рокови.Се чини дека реформите се утврдуваат и спроведуваат избрзано, без темелни анализи или ако грешам, тогаш сигурно без јавно презентирани анализи-вели Забрчанец. Математиката уште пред да стане задолжителна во државната матура стана главоболка за “нематематичарите”. Оние кои потешко разбираат и брзо забораваат, ќе мораат да го одврзат ќесето многу порано пред да почнат тестовите. Приватните часови по математика, на шега велат дел од оние кои дополнително ги подучуваат учениците, ќе го раздвижат “бизнисот”, бидејќи истите се движат од 300 денари за час, па се до 1000 денари за дополнителни предавања на група од неколку ученици. Без математика нема квалитет на пазарот на труд?! Доколку сакаме здрави поколенија кои ќе бидат способни за работа во современите услови за живеење, конкурентни како кадар на пазарот на труд, не е битно каде, тогаш се е јасно. Нивото на математички знаења на матурантите мора рапидно да се покачи-вели универзитетскиот професор по математика Алекса Малчески, и претседател на Сојузот на математичари на Македонија. “Една од формите за да се зголеми знаењето на средношколците по предметот математика е истиот да биде еден од задолжителните екстерни предмети за полагање на државна матура. Огромна штета е нанесена што тој предмет не беше обавезен за полагање на државна матура до сега. Негативните последици на тие генерации ученици се трајни и тешко надоместливи. Секако дека постојат и други форми за математичка едукација, но тоа е предмет за друга јавна расправа. Досегашната практика во образовниот систем и преснажното промовирање на т.н детски права е со трајни негативни последици на многу генерации ученици. Едно од најснажните нарушувања на детските права е дефинитивно миноризирање на проучувањето на математиката и природните науки (доволно е да се видат фондовите на часови за овие предмети) и се да биде јасно. Се произведуваат трајно неспособни генерации граѓани кои не можат успешно да се занимаваат со економија и техника, бидејќи само мал дел од нив се стекнуваат со такви способности, а тие се најчесто одличен медиум за емигрирање од земјава. Но овие теми остануваат “теми за дилеми”. Дефинитивно, еден од најдобрите чекори во образовниот систем е воведувањето на предметот математика како задолжителен екстерен предмет за полагање на државната матура” -вели професорот Малчески. Дефокусирање на вниманието, ќе трпат ли другите предмети?! Според социологот Илија Ацевски, воведувањето на математиката како задолжителен екстерен предмет во полагањето на државната матура може да го насочи вниманието на учениците само кон овој предмет и како истиот да се совлада, а за сметка на тоа ќе се дефокусираат знаењата за останатите предмети, кои ќе имаат второстепено значење, особено за оние идни студенти кои ќе се одлучат да студираат на пример јазици, правни или општествени науки. Бидејќи, не само математиката туку секој друг предмет бара внимание, учење и посветеност за да се совлада. Изборот останува на поединецот. “Од една страна може да се даде значење на предметот математика за да се сконцентрира самото внимание на учениците дека за да го поминат тој степен треба навистина да знаат математика, но останува отворено прашањето до кој степен тоа ќе ги обезвредни другите предмети и со тоа ќе ја одредува судбината на оние кои не се за математика туку за уметнички,правни или социјални науки, кои немаат предмет математика во текот на студирањето. Незнам дали во друга земја постои вакво нешто кое би дало прецизно значење. Допрва ќе видиме како истото ќе се покаже во пракса и кои ќе бидат резултатите ” –вели универзитетскиот професор Ацевски. Математиката ќе биде трет задолжителен екстерен предмет на државната матура од следната 2014/2015 за гимназијалците, а за матурантите во средното стручно образование ќе стане задолжителен предмет по две години. Новина е и тоа што екстерните предмети од државната матура во јуни ќе се полагаат електронски. Од математика ќе куртулат само средношколците од уметничките училишта бидејќи овој предмет според наставната програма не го изучуваат. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот