Ахмети, остави го УЧК во 2001 и кажи каква иднина нудиш
Објавено во: Колумни 29 Септември, 2025 08:09
Али Ахмети заедно со коалиционите партнери, синоќа, во СЦ „Борис Трајковски“ одржа конвенција за претставување на кандидатите за градоначалници и советници, за претстојните локални избори.И се ќе беше супер, доколку Ахмети уште еднаш не играше на картата на подгревање на меѓуетничките тензии. Добро познатата шема, која „орелот“ ја користи секогаш кога нешто не му е по ќеиф. Откако замина во опозиција, речиси и да нема ден Ахмети заедно со неговите сопартијци да не ја спомене меѓуетничката димензија која и онака е кревка во државава. Ако не сте забележале, секогаш според него се загрозени меѓуетничките односи, Рамковниот договор, секогаш ДУИ (или како што милуваат да кажат Албанците) се жртви и обесправени....
Но, дали навистина е така? Кој во оваа ситуација навистина е загрозен?
Конвенцијата за претставување на кандидатите требаше да биде претставување на програмите, запознавање на кандидатите со членството, а не емитување на инсерти од конфликтот во 2001 година, што покажува дека всушност тој заедно со неговата партија, пред лице на сите нас ни покажуваат што ни направиле и што можат да ни направат?
На кого му се закануваш бе Али? Зошто? Доста е веќе со користење на тие валкани карти. Никому не му е дојдено до војни, нити пак сака некој да се врати назад. Не гледаш дека и Албанците исто како и Македонците едвај преживуваат во државава,сите се иселија, масовно ја напуштаат државата заради вашиот криминал и корупција со која го еродиравте општеството?
Нејсе.... Покрај тоа што беа емитувани инсерти, традционално се извикуваше името на „УЧК“. Да, на тоа УЧК кое ја нападна државата, убиваше припадници на армијата на Република Македонија (а во неа немаше само Македонци, туку и Албанци и Турци и Бошњаци и Срби....), а попатно не беше пропуштено и извикувањето на името на Артан Груби, кој со сите украдени пари од тендери, слободно си замина од државава во Албанија каде си ги троши „поштено“ украдените финансии од македонскиот и албанскиот народ.
Па добро, дали херој треба да ни биде човекот кој местеше тендери, кој крадеше пари? На тоа ли ги учите младите, дека таквите карактери треба да се извикуваат како национални херои?
На сите ни е јасно веќе на која карта сакате да играте.
Ако толку се повикувате на европска иднина, време да ја смените плочата. Доста е со тие „пуфки“, доста е со тие закани. Никој не го интересираат вашите жалопојќи со кои се претставувате како жртви. Ако барем малку гледавте кон европската иднина на земјава,немаше да бидете толку закоравени во примитивни алатки за преживување. Заканите, војните и уцените никому не му носат добро во земјава. Ни на вас орлите, ни на нас „загарите или зајците“ како што милуваш да не нарекуваш.
Не знам во кое време ти живееш, но очигледно 2001 ти е матрицата според која функционирате во вашиот таканаречен Европски фронт.
Враќањето на сликите од 2001 година, за жестоко скандирање „УЧК, УЧК“ не е, ниту смее да биде повик „гласајте не“. Тоа не се европските вредности што тој и неговата партија ги пропагираат.
Па се прашувам, дали Ахмети знае или не да привлече гласачко тело поинаку? Очигледно, одговорот лежи во она што го пропагира, дури и сега, во 2025 година, кога наместо да зборува за технологија, покажува униформи од едно мрачно минато, кое никому не му донесе ништо добро.
Фото: Али Ахмети/Фејсбук
А.Т* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





