18 Мај, 2024
0.0390

АХВ: Нови мерки за заштита од листеријата

Објавено во: Економија 29 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство воведува нови дополнителни превентивни мерки за исполнување на посебните барања за безбедност на храната со кои се забранува ставање во промет на храна од животинско потекло опфатена со Правилникот, а кои се однесуваат на микробиолошките критериуми. Мерките се воведуваат по појавата на бактеријата листерија, која беше детектирана кај осум пациенти, од кои четворица починаа. По препорака на Министерството за здравство, Агенцијата почна постапка на измена и дополнување на Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна. Иако тој е усогласен со релевантното законодавство на ЕУ, сепак ќе се воведат постриктни критериуми во однос на бактеријата листерија. Во наредните денови продолжува континуираната контрола на сите точки во ланецот на безбедност на храна  кои се сметаат за ризични. Во случај на позитивни наоди од земените мостри, Агенцијата ќе нареди итно повлекување на спорните производи и ќе изврши задолжително информирање на граѓаните за евентуално спорните производи, информираат од АХВ. Првичните наоди покажаа позитивни резултати за присуство на бактеријата листерија кај два примероци од колбас произведен во македонски фабрики, но името на производите и фирмите уште не се откриваат.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа