„Air Baltic“: Платете ги картите со биткоин
Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2014 20:20
Летонската национална авиокомапнија „Air Baltic“ започна да ја прифаќа виртуелната валута биткоин како сретство за плаќање на авионски карти, објавено е на сајтот на оваа компанија пренесува српскиот портал Б92.
Според податоците на авио-превозникот, „Air Baltic“ е првата авиокомпанија во светот која прима биткоини за плаќање на авионски карти.
Во прес службата на компанијата, за Интерфакс изјавиле дека електронската валута може да се користи само за купување на најефтините карти на „Air Baltic“ од основна класа (basic class).
Картите за биткоинот можат да се купат исклучиво на сајтот на компанијата каде нивната цена е изразена во евра.
Како што е објавено порано, во јуни уплатата во биткоини за резервација во хотел почнала да ги прима една од најголемите светски онлајн туристички агенции Икспедија.
Според податоците на PwC, вкупната пазарна вредност на сите биткоини се движи околу осум милијарда долари, а секојденвно со нив се вршат околу 80.000 трансакции ширум светот.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




