26 Ноември, 2024
0.0282

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

И доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, го следи примерот на некои свои поранешни колеги и ќе се обиде како претприемач во бизнис водите.

Еден од највлијателните политички функционери од изминатиот период на претходната власт, деновиве ја регистрирал фирмата „Форт М Гроуп Увоз-Извоз Скопје“. како друштво за градежништво и услуги на сопствената адреса на живеење. Дејноста е „изградба на станбени и нестанбени згради“.

- Би рекол дека мора од нешто да се живее. Јас по вокација сум адвокат и тоа продолжувам да го работам . Затоа како управител на фирмата е назначено друго лице. Во меѓувреме загубив голем број на странки од својот делокруг на работа затоа што свесно не сакав да ги доведам во непријатност и политички контекст. Изградба на станбени објекти е само една од опциите на кои би работел, но тоа не значи дека дефинитивно ќе биде така. Во овој момент немам никаков конкретен проект на кој би работел. Се работи за фирма со општа клаузула за бизнис, ни изјави Зечевиќ.

Тој додаде дека има и некои други бизнис идеи кои би сакал да ги оствари преку оваа фирма, но дека за тоа би зборувал кога ќе го дефинира конретниот избор на производство, или услуга.

Зечевиќ беше долгогодишен организациски секретар на СДСМ и советник на поранешниот премиер Зоран Заев, за адвокатски услуги, пред да биде назначен за генерален секретар на партијата во 2021. Исто така е и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија и поранешен генерален секретар на Владата на Бранко Црвенковски.

На почетокот на 2019 година стана дел и од Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола се до јули 2023. Зечевиќ во 2019 година дојде на оваа функција како предлог на АД „Пелистерка“ чиј сопственик е Цветан Панделески. Како член на Надзорен одбор, Зечевиќ добиваше месечен надомест од 50.000 денари.

Сопартијци на Зечевиќ како Јован Деспотовски и Драги Рашковски исто така отворија свои фирми по поразот на парламентарните избори во мај 2024.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата