05 Декември, 2025
0.2530

Ај доста глумиме

Објавено во: Стил 24 Април, 2019 09:12

Добивај вести на Viber

Чекајте малку другари. Дали тоа во моментов кога светов се превртува наопачки, буквално не се знае до каде ќе оди и технологија и комуникација и светска конекција, кај нас е табу тема се' уште менструација и сексуални односи. Значи да се разбереме, не зборуваме за родово единство, не зборуваме за првите поставени куќи на Марс, туку за добиено. А да, ќе додадам, и за интимен однос помеѓу двајца партнери. Како бре во 21 век, во момент кога наместо ревиски приказ, гледам холограми, попатно одговарам на прашање: Што е важно за младите девојки да знаат за менструација? Мајки каде ја утнавте? Родители, до кога таблетите и телефоните ќе ви бидат замена за соодветна комуникација и едукација. Уффф, морав, ако е ова тема што е табу, па што правиме за понатаму. Да се разбереме, ако нешто научив во животов е тоа да не судам, само затоа што не знаеш во кој момент ќе се најдеш ти на осуденичка клупа. Па така, се обидувам да најдам разбирање и почит за се што ми е на мене необјасливо, ново и дури и неприфатливо. Но, дали сметате дека тераме во прав правец, со фиксни узди кои самите си ги поставуваме, само заради лични стравови.

Ја започнав колумнава со цел едукација за себе грижа и себе нега најмногу заради една групација на млади девојки кои ме следат и ги мотивирам да бидат подобри за себе секој ден. Од проста причина, колку и да живееме во современ свет, колку и да е светов превагнат кон заштита и женски права, сепак, после пола свет прошетан, пак на еден маж му е тешко да и пружи рака на една жена за бизнис состанок. Пак сме потчинет род, се' уште мајките не учат да наведнеме глава пред сопругот и идниот маж во име на компромис и очајна потрага по брак.

Целата колумна на Ивана Кнез читајте ја на Женски магазин, тука. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: