06 Мај, 2024
0.0226

Ај, погодете која нација е меѓу најнесреќните?!

Објавено во: Стил 09 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Среќата со прари не се купува! Среќата е чувство кое го поседува секој . Некогаш тој поединец не е свесен за среќата која ја има. Според извештајот за светската среќа, создаден врз основа на истражувањето на Институтот од Универзитетот во Колумбија, Македонците спаѓаат меѓу најнесреќните нации. Во истражувањето за светската среќа, после Македонија според незадоволството, депресијата и генералната несреќа, се Црна Гора, Србија, Грузија, Либан, Сиера Леоне, Того, Палестина, Ерменија, Ирак. Според моменталната среќа, на прво место е Исланд, потоа следува Лаос, па Ирска. Македонија е на 140 место, Словенија го зазема 106, Хрватска е на 124 место, Црна Гора на 143, а Србија на 149 место.

Дека парите не се гаранција за среќа, потврдува примерот на бројни неразвиени земји во Африка и Евроазија во кои владее голема сиромаштија и социјални разлики, а сепак се посреќни од нас.

Среќата може да биде различна. Се смета дека работите кои нè прават среќни се мали и беззначајни, а работите кои нè растажуваат се големи.Среќни сме секогаш кога немаме грижи,кога сме секогаш задоволни од својот живот,среќни сме кога нашите желби се остварени, но не сме среќни ако нашите желби се остварени а желбите на некои луѓе кои ни се многу драги тогаш сме тажни некои луѓе сакаат да jа споделат својата среќа со другите.

Колку ќе бидеме среќни или несреќни не зависи само од надворешните околности, туку и од нашиот однос кон животот. Ако среќата ја сметаме како рационална категорија, како нешто што зависи од нашите избори или одлуки, а не нешто што е надвор од нас, тогаш ќе можеме да ја постигнеме во повеќето животни ситуации.

Кои психолошки сили човекот треба да ги јакне и да ги негува, а кои деструктивни механизми треба да ги избегнува за да постигне вистинска среќа? Како и да се мери чувството на среќа според извештајот за светската среќа, создаден врз основа на истражувањето на Институтот од Универзитетот во Колумбија во врвот на сите листи се скандинавските земји (пред сите Данска, потоа следуваат Финска, Норвешка, но и Ирска). Интересно е што САД никогаш не се на врвот на ваквите листи.