20 Декември, 2025
0.0556

Акциите на италијанските банки паднаа по стрес-тестот на ЕУ

Објавено во: Свет 27 Октомври, 2014 12:59

Добивај вести на Viber

Берзите денеска веднаш реагираа на вчера објавената информација од Европската централна банка, според која 25 банки во Европската унија не го поминаа тестот на издржливост на кризни услови. Најголем пад доживеаја акциите на италијанските банки, откако ЕЦБ објави дека дури девет банки не го издржаа тестот и покажаа недостиг на способност да издржат рецесија или друг тип на криза. Најлошата меѓу нив, италијанската банка Монте деи Паски престана да тргува со своите акции, откако негативните резултати на стрес тестот предизвика остар пад на вредноста на нивните акции. Акциите на Монте деи Паски паднаа за цели 17% откако ЕЦБ објави дека оваа банка покажува најлоши резултати во справувањето со финансиска криза. Кај оваа банка беше откриен недостиг на капитал од цели 2,1 милијарди евра и многу ризични пласмани. Акциите паднаа и на останатите банки кои беа негативно оценети на тестот. Дури и на британските банки, кои го поминаа тестот, акциите покажаа мал пад на вредноста. Но затоа, акциите на австриските Ерсте Банк, Рајфајзен и германската Комерцбанк утрово покажаа раст на цената на акциите за 5% откако добро поминаа на тестот на ЕЦБ.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја