17 Декември, 2025
0.1761

Акцијата на „Алкалоид“ злато вреди! Прочитајте зошто!

Објавено во: Економија 17 Септември, 2020 10:30

Добивај вести на Viber

Одлични вести за имателите на акции на „Алкалоид“. Акцијата злато вреди и треба да се чува затоа што генерира и ќе продолжи да создава профити. Овој пат потврдата дојде од реноминатата чешка инвестициска банка „Вуд енд компани“, и нејзините ЦФА аналитичари, специјализирана за акционерски друштва чии акции котираат на берзите на растечките пазари во Југоисточна Европа

Акцијата на најголемиот македонски фармацевтски производител „Алкaлоид“ вреди, треба да се има во портфолиото и треба да се чува. Оваа потврда стигна и од финансиските аналитичари на „Вуд енд Компани“ најреномираната инвестициска банка која е специјалист за компании од пазарите во развој на Југоисточна Европа меѓу кои припаѓаат досега и „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ од нашата земја заедно со акционерски друштва од Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска и Романија.

По анализите на ЦФА сертифицираните специјалисти на „Вуд енд Компани“ нивното јавно објавено стручно мислење во анализата за „Алкалоид“ во најважни црти се состои од следново: „Алкалоид“ е акција која треба да се купува до ценовни нивоа до 13.600 денари за акција и потоа да се поседува односно да се чува. (Последната пазарна цена постигната со акцијата на „Алкалоид“ на нашата берза е за 1.000 денари пониска од таргетираната од експертите на инвестициската банка н.з.)

Како аргументи на кои ја темелат својата одлука аналитичарите на „Вуд енд Компани“ ги изнесуваат следниве: „Алкалоид сега и во иднина има и ќе има релативно силни и растечки приходи од кои ќе произлегува висока заработувачка (добивка н.з.) и тоа го проектираат во континуитет за наредните три до четири години. Во суштина овие проекции ги темелат на тековни и идни вложувања на „Алкалоид“ во нови производи капацитети од фармацевтската индустрија, од обнова на постоечките лиценци за производство на лекови, медикаменти и добивање нови лиценци. Со сите тие активности „Алкалоид“ создава реална и лесно предвидлива и одржлива основа за раст на приходите, зголемување на добивките и уште позасилена пазарна пенетрација на домашниот пазар, на регионалните пазари (каде важи за високо ценет бренд) и глобално на светкиот пазар.

Како можни ризици кои постојат аналитичарите ги наведуваат општите ризици кои важат за сите фармацевтски производители: можни легислативни регулаторни ограничувања од национални авторитети во областа на издавање дозволи и пуштање во промет медикаменти како и можни ценовно-курсни варијации на некои валути од мноштвото земји во кои извезува најголемиот македонски производител на лекови.

На некој начин оценката и препораката на ЦФА аналитичарите од „Вуд енд Компани“ ги потврдуваат ставовите кои редакцијата на „Фактор“ во континуитет ги изнесува во своите анализи, а се однесува на акцијата на „Алкалоид“. А тоа е синтетизирано во флоскулата дека акцијата на „Алкалоид“ вреди најмалку исто како и државна обврзница. 

Линк до анализата


Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас