15 Март, 2025
0.0445

Акционери од Топлификација преку писмо побараа помош од Заев

Објавено во: Економија 26 Март, 2019 09:30

Добивај вести на Viber

Со отворено писмо до премиерот Зоран Заев и други истражни и судски институции акционерите во Топлификација бараат тој да се заложи и конечно како што велат, да се стави крај на лошата ситуација во друштвото. Тврдат дека со низа одлуки полни со незаконски дејства и неправилности во кои се вклучени судовите, нотари и компанијата Битар холдинг и ТЕ-ТО тие се оштетени за над 34 милиони евра. 

Во писмото потпишано од Здружениетоо за заштита на правата на акционерите во Топлификациуја, се дава детален опис на ситуацијата и како настанало тие да ја изгубат вредноста на нивните акции во Топлификација. 

Во писмото стои дека има пресуда на Врховниот Суд од 2017 според која  ТЕ-ТО АД Скопје, треба да исплати на Топлификација АД околу 6,3 милиони евра главен долг, а со камата околу 11,4 милиони евра. 

„Оваа пресуда се однесува само на еден дел од дадените заеми кон ТЕ-ТО од страна на Топлификација АД од 2007 до 2010 година, односно вкупениот долг изнесува над 34 милиони евра со камата. По правосилноста на одлуката на Врховниот суд  ТЕ-ТО АД започнува со низа незаконски активности, а се со цел, преку лажен стечај да го спречи извршувањето на пресудата на Врховниот суд, што практично значи унишување на Топлификација АД Скопје, со неплаќање на над 34 милиони евра и да доведе до финансиски колапс на преку 2700 акционери –македонски фамилии што вложиле во хартии од вредност. Имено, со договор со главниот акционер во ТЕ-ТО АД, Битар холдингс лимитед (БХЛ) и ТЕ-ТО АД, се менуваат датумите на доспевање на заемите дадени од БХЛ во износ од 112 милиони евра, со што истите се прогласуваат за доспеани за 7 денови, иако во сите ревизорски извештаи за работењето на ТЕ-ТО АД од 2013 до 2017 година прецизно стои дека истите доспеваат за наплата во периодот од 2023 до 2032 година, пишува во писмото.

Потоа се објаснува и за поврзаноста со нотари и нарачани судски постапки.  

„Истовремено, ТЕ-ТО АД ангажирал нотар во Скопје и со солемнизација на овие договори, без да се почитува и применува Законот за трговски друштва, овие договори, независно од тоа што се склучени помеѓу заинтересирани страни (БХЛ- 89,2% сопственик на ТЕ-ТО АД и 100% на БЕГ АД Скопје) овие договори од над 112 милиони евра, се ништовни и немаат правно дејство, уште повеќе ако се има во предвид фактот дека не постојат одлуки од Собранието на ТЕ-ТО АД, кадешто Топлификација е акционер со 10,8%. Со нарачани судски постапки и помош на одредени адвокатски куќи и високи државни функционери, успешно е реализиран лажниот стечај на ТЕ-ТО АД (со т.н. реорганизација) со што, повторуваме, ако е потребно уште 100 пати, Топлификација АД и акционерите, се оштетени со повеќе од 34 милиони евра, пишуваат акционерите.

Тврдат и дека ТЕ-ТО АД од неговото пуштање во пробно производство, 2010 година, за т.н. интелектуални услуги заклучно со 2018, има исплатено мулти-милионски износи во евра, а дел од нив јавно коментирани во ревизорските извештаи на ТЕ-ТО АД како трансакции во кои ревизорот не добил разумно уверување за извршените услуги.

„За иронијата да биде уште поголема, со помош на судовите во Скопје, БХЛ (сопственик на БЕГ) предлага стечај на Топлификација АД за т.н. долг од 1 милион евра што Топлификација го има оставено како гаранција во Комерцијална банка АД Скопје за кредит кој го користи ТЕ-ТО АД. Со сите овие постапки, оф-шор компанијата БХЛ, на која на услуга и стојат сите институции на државата, се уништува Топлификација АД Скопје, компанија која постои од 1965 година и повеќе 2700 македонски фамилии, велат акционерите.

Тие известуваат дека за сите овие незаконски дејанија, известени се и поднесени се кривични пријави до Финансиската полиција, Управата на финансиско разузнавање, ОЈО, СЈО и ЈОРМ. 

Писмото е адресирано и до нив.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

ПРОПАДНА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати илјадници клиенти, што ќе биде со нивните пари?

ПРОПАДНА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати илјадници клиенти, што ќе биде со нивните пари?

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

НОВИ ШОКОВИ: Расте цената на златото, прогнозираната граница е достигната

НОВИ ШОКОВИ: Расте цената на златото, прогнозираната граница е достигната

Николоски: Ја пријавив Бугарија дека не сака да ја гради железницата

Николоски: Ја пријавив Бугарија дека не сака да ја гради железницата

ПРОДАДЕНИ 6.000 АКЦИИ НА ГРАНИТ ПРЕКУ БЛОК ТРАНСАКЦИЈА - кој плати сума од 185 илјади евра

ПРОДАДЕНИ 6.000 АКЦИИ НА ГРАНИТ ПРЕКУ БЛОК ТРАНСАКЦИЈА - кој плати сума од 185 илјади евра