19 Декември, 2025
0.0421

АКЦИОНЕРИТЕ НА БЕТОН ГЛАСАА ЗА: Црквата Св. Константин и Елена оди кај Ре-Медика

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2021 11:28

Добивај вести на Viber

Акционерите на градежната компанија „Бетон“ ја усвоија одлуката за префлување на долгот за црквата Св. Цар Константин и Елена во центарот на Скопје кон приватната здравствена установа Ре-медика. На вчерашното собрание гласаа за оваа одлука со што, сега оваа црква веќе ќе и припаѓа на болницата. Станува збор за долг кој кон Бетон го имаат фондацијата Св. Константин и Македонската православна црква (МПЦ) од точно 270 милиони денари (4,4 милиони евра). Како ќе се отстапи долгот така и сопственота на црквата ќе се префрли од Бетон кон Ре-медика. Сега по усвјувањето на одлуката таа ќе треба да се спроведе односно болницата ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ со што ќе стане доверител. Овој долг, како што знае јавноста е за изградбата на црквата Свети Цар Константин и Елена која „Бетон“ ја градеше во центарот на град Скопје.

„Се одобрува склучување на зделка со заинтересирана страна – склучување на Договор за отстапување на побарувањето со Приватна здравствена установа општа болница  РЕ – МЕДИКА  Скопје, во вкупен износ од 269.918.842 денари. Побарувањето, ДГ БЕТОН го побарува од Фондацијата Св. Цар КОнстантин и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, согласно Спогодба за регулирање на меѓусебните права и обврски 25.12.2020 година, стои во одлуката.

Фактор дозна дека само една рата им платиле на „Бетон“ фондацијата Св. Цар Константин и Македонската православа црква (МПЦ) за црквата која недоградена стои во центарот на Скопје и до ден денешен упорно тврделе дека немаат пари за да ја платат. Менаџментот на градежната компанија, како што веќе објавивме, во безизлезната ситуација, а во обид да ги исчисти долговите, сега ова побарување го префрлува на поврзаната фирма ПЗУ Ре-Медика. 

Елица Јорданова, управител на Ре-медика за Фактор минатиот месец не даде подетално објаснување за случајот.  Потврди само дека има одлука за префрлање на долгот од Бетон кон Ре медика и дека се додека долгот не се исплати тие ќе бидат сопственици на црквата.

„Така е Ре-медика си купи црква. Бетон требаше да ја продаде таа црква а не да ги моли да плаќаат, вели Јорданова за Фактор.

Лани во ноември „Бетон“ побара да се отвори стечајна постапка затоа што не можеше да наплати 1,1 милион евра од фондацијата. 

Во декември 2014 година тогашната Влада предводена од екс премиерот Никола Груевски објави дека политичари, стопанственици, владици од Македонската православна црква – ОА,  учествувале на донаторска конференција за доизградба на црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје, чие возобновување со повторна изградба почнало во 2012 година

На акционерското собрание усвоени се и другите одлуки. Меѓу нив продажбата на Хотелот на Бетон во Дојран на Репро 21 ДООЕЛ за 1,3 милиони евра. 

Постапките за чистење на компанијата некои познавачи ги толкуваат како обид компанијата да стане поконкурентна и покомпетитивна.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии