„АКО ЕДНА ИЛИ ДВЕ КОМПАНИИ СИ ЗАМИНУВААТ ОД ДРЖАВАТА, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ДРУГИ КОМПАНИИ НЕМА ДА СЕ РАЗВИВААТ“: Мизо за заминувањето на две странски компании од земјава
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2025 11:22
Заради тоа што една или две компании планираат да ја напуштат државата не значи дека другите компании нема да се развиваат и понатаму или нема да дојдат нови компании кои преку Македонија ќе дојдат за европскиот пазар, истакна Виктор Мизо, управител на компанијата „Костал“ во одговор на новинарско прашање за коментар за заминување на две странски компании од државата.
Според Мизо, тоа се интерни одлуки на тие компании и затоа не може коментира кои се причините за нивното заминување.
-Од тоа што го имам прочитано тие прават некоја консолидација на своето портфолио на европскиот пазар и како што кажав европската индустрија е во стагнација, но ќе имаме победници, но и компании кои некогаш нема да успеат да се снајдат најдобро во она што се случува во автомобилската индустрија, Но, фактот што ние продолжуваме со инвестирање и одиме понатака значи дека ова е добра, успешна и правилна одлука што сме ја донеле како компанија за да се развиваме во Македонија, рече Мизо.
Додаде дека „Костал“ со дополнителни инвестиции од над 30 милиони евра идната година планира да го шири портфолиото како на клиентите, така и на производи.
-Сметаме дека она што беше план во изминатите години, некаде до 2027 година ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра и со тоа ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни, нови работни места во овие 200 плус вработени. Тука ќе има нормално работници кои ќе работат во производство, но технички лица кои ќе работат како инженери, но и луѓе во административни дејности-сето она што е поврзано со финансии, сом логистика, со квалитет. Така од таа страна навистина очекуваме овој развој да биде позитивна вест не само за регионот, Охридско-Струшкиот регион, туку и за целата државата, но истовремено ова да значи еден мотив како и други компании би можеле да се фокусираат и да ја користат Македонија во целиот свој процес на експанзија, истакна управителот на компанијата „Костал“, Виктор Мизо, по посетата на премиерот Христијан Мицкоси на оваа компанија.
Фото:МИА
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




