„АКО ГО НАПАДНЕТЕ ТАЈВАН ВОЕНО ЌЕ ИНТЕРВЕНИРАМЕ“: Остро предупредување на Бајден до Кси Џи Пинг

Објавено во: Свет 23 Мај, 2022
Американскиот претседател Џо
Бајден изјави дека Соединетите Држави ќе одговорат воено доколку
Кина насилно интервенира во Тајван, велејќи им на новинарите во Токио дека тоа
е обврска што Америка ја презела.
- Видете, еве ја ситуацијата, се согласуваме со политиката на Една Кина. Ние го потпишавме и сите придружни договори направени оттаму, но идејата дека (Тајван) може да биде преземен со сила едноставно не е соодветна, изјави Бајден на новинарите за време на заедничката прес-конференција со јапонскиот премиер Фуми Кишидо во Токио, пренесува Си-Ен-Ен.
Соединетите Држави му обезбедуваат на Тајван одбранбено оружје, но намерно останаа двосмислени околу тоа дали да интервенираат воена во случај на кинески напад.
Според „политиката на една Кина“, САД признаваат, но не поддржуваат дека Тајван е дел од Кина.
Во изјавата по коментарите на Бајден во понеделникот, претставник на Белата куќа рече дека официјалната позиција на Соединетите Држави останува непроменета.
- Како што рече претседателот, нашата политика не е променета. Тој ја повтори нашата политика на една Кина и нашата посветеност за мир и стабилност преку Тајванското Море. Тој, исто така, ја повтори нашата посветеност според Законот за односи со Тајван да му обезбедиме на Тајван воена одбрана, рече официјалниот претставник.
„Политиката на една Кина“ е дипломатско признавање на позицијата на Кина дека постои само една кинеска влада.
Пекинг го повикува Вашингтон да биде внимателен
Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија, Кина ќе преземе решителни мерки за заштита на својот суверенитет и безбедносни интереси и ги повикува Соединетите Држави да бидат внимателни во своите изјави и постапки кога станува збор за Тајван, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.
Коментирајќи ја изјавата на Бајден, Ванг рече дека Пекинг ја повика американската страна искрено да се придржува до принципите на Една Кина и три кинеско-американски коминика. Тој додаде дека Кина ги повика Соединетите Американски Држави да се придржуваат до својата заложба да не ја поддржуваат независноста на Тајван, да бидат внимателни во своите зборови и постапки кога станува збор за Тајван и „да не испраќаат никакви погрешни сигнали до сепаратистичките сили во Тајван“.
Можеби ќе ве интересира
НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото
БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

КАКО ИЗГЛЕДА ЗАТВОРСКИОТ ДЕН НА МИЛИЈАРДЕРКАТА ОД СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Холмс станува во 6.00 и има саатнина од 0,12 долари, вака цели 11 години

ДЕТАЛНА ЛЕТНА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ОД ПОПЛАВИ: Скандинавија ќе ја зафатат пожари
ОД 200 СЕГА СЕ САМО 12 СИМПТОМИ НА ДОЛГ КОВИД: Објавена е нова научна студија
Макрон ги искара властите во Приштина, потпишаа договор, ама не го почитуваат

Австралиски вулкан во близина на Антарктикот исфрла лава

НАТО испраќа 700 војници на Косово и ќе прати уште ако има потреба

УКРАИНА ТВРДИ: Во секое време знаеме каде се Путин и Пригожин
