06 Декември, 2025
0.0260

Ако го правевте ова досега – престанете веднаш!

Објавено во: Стил 28 Мај, 2014 20:50

Добивај вести на Viber

Колкупати досега сте се обиделе да си поставите дијагноза на интернет? Ги впишувате симптомите што ги чувствувате и се надевате да пронајдете од што боледувате и кој е лекот. Експертите советуваат - со оваа навика престанете веднаш! Голем дел од текстовите за здравство на интернет се едноставно - неточни! Предупредувањата особено се однесуваат на текстови од онлајн енциклопедијата Википедија. Истражувањето на научниците од американскиот Универзитет Кемпбел покажало дека 9 од 10 медицински статии на Википедија содржат погрешни информации. Низа погрешни информации биле пронајдени во текстовите за дијабетес, рак на белите дробови, болка во грбот, но и многу други. Во делот за висок крвен притисок било наведено дека „за потврда дека имате висок крвен притисок потребно е три пати да измерите дека притисокот ви е покачен“. Ова, според лекарите воопшто не е точно и може да доведе до сериозно одлагање на лекувањето. „Грешките можеби не изгледаат големи, но можат да имаат сериозни здравствени импликации“, вели главниот автор на истражувањето д-р Роберт Хејсти. Тој ги повика лекарите да се ангажираат за да ги поправат грешките во отворената енциклопедија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: