05 Декември, 2025
0.0463

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2025 10:55

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција најави дека неговата партија има подотвено „бомби 2.0“ и дека секојдневно ќе објавувале нов владин скандал.

„Превенцијата не успеа, корупцијата ескалираше и мора се да истражи затоа што крадењето мора да престане. Ние спремивме нови „бомби 2.0“. Утре следува нов скандал, нова корупциска шема, членови на владејачката гарнитура. За се имаме докази и документи и ќе ги прикажеме во јавноста“, вели Филипче.

Вели дека се работи за нов фронт против власта, а ќе се поднесе и иницијатива до антикоупциските институции во Италија, кои се бореа против Коза ностра. 

„Ако тие се справија со Коза ностра, можеме и ние да се справиме со оваа мафија на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ си игра со судбината и европската иднина на граѓаните. 

„Сакам да информирам дека формиравме антикорупциски тим во рамките на нашата програма „Нова сила“. Тој тим е еден од столбовите на оваа нова програма. Имаме професионален тим советници, експерти во областа на правото и финансиите. Но пред се, млади активисти и истражувачи на СДСМ. Што ќе работи овој тим - ќе истражува скандали, ќе анализира документи, ќе ги презентира до јавноста, ќе ги разоткрива сите корупциски шеми на оваа криминална власт, ќе поднесуваме соодветни пријави до национални и меѓународни институции. Така како што почнавме, така ќе продолжиме да откриваме и понатаму. Зад ова стои енергијата на младите на СДСМ. И тоа е новата сила што ќе гради европски вредности во европска Македонија. Ќе објавиме и платформа каде секој граѓанин ќе може да пријавува скандали со документи“, додава Филипче. 

Ја повика европската обвинителка Лаура Ковеши да дојде во Македонија, за да се запознае со како што вели, малверзациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови. 

„Не може да имаме доверба во институциите на власта со притисокот, а кои со своето однесување се заштитници на криминалот и тоа да биде над правото и над јавниот интерес. Власта единствено нешто што прави е да ја дефокусира јавноста од криминалите. Наместо да има одговорност по апсењето на нивниот директор и член на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме само спинови, само обвинувања кон опозицијата. Но, фактите се јасни, се случи најголемата проневера на европски пари во Македонија - ИПАРД фондовите, и тоа членови на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе блиски до премиерот Христијан Мицкоски. Со вклучување на Ковеши, очекуваме овој скандал целосно да се расчисти и да се осигураме дека ваков скандал со европски пари нема повторно да се случи“, рече Филипче. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени