Ако не им се исполни ветеното синдикатите од Македонски железници ќе штрајкуваат
Објавено во: Економија 23 Август, 2016 17:47
Синдикатите од Македонски железници Транспорт АД Скопје денеска соопштија дека в петок ќе почнат повторно да штрајкуваат ако раководството не го исполни договореното.
Тие велат дека не се повикани на преговори од 27 јули и затоа бараат веднаш писмено да им одговорат дали преговорите ќе продолжат и дали ќе се испочитува договореното на состанокот одржан на 27 минатиот месец.
„Во спротивно штрајкот кој е ставен во мирување ќе се активира на 26 август со почеток во 7 часот во Подружница „Влеча на возови“ и одговорноста за се што ќе следи понатаму ќе биде само Ваша“- стои во соопштението.
Од МЖ Транспорт велат дека претставниците на синдикатите ќе бидат повикани на средба за нивните барања и дека ќе се регулира прашањето за исплата на платата.
Според известувањето од синдикатите, на состанокот од 27 јули било заклучено штрајкот да биде ставен во мирување, преговорите да продолжат, во текот на наредната недела да се исплати вториот дел на платата за јуни, а наредните плати да се исплатат до 25-ти во месецот. Воедно да се исплатат јубилејните награди за вработените кои исполнуават услов согласно со одредбите од Колективниот договор, како и да се разгледаат и преиспитаат изречените санкции кон дел од вработените.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




