20 Декември, 2025
0.0407

Ако не зборуваат англиски, нема лиценца за таксистите!

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2013 19:14

Добивај вести на Viber

Ќе се менуваат правилата за таксистите кои ќе мора во следните три години да научат англиски јазик. Така, со измените во Законот за превоз во патниот сообраќај, сите таксисти барем основен англиски ќе мора да научат до почетокот на 2017 година, ако сакаат да земат лиценца, најави денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој додаде дека часовите ќе ги плаќа Министерството и општините и главно ќе бидат опфатени таксистите од главните туристички центри, Скопје, Охрид, Струга Со измените се предвидува и казна од 500 евра ако таксистот е паркиран на улица, односно надвор од обележаните стојалишта. Ако полицијата му изрече две казни, освен 500 евра ќе следи и одземање на лиценцата за работа. „Таксистите ќе имаат период од три години да се приспособат на оваа новина. Министерството во соработка со единиците на локална самоуправа во наредниот период ќе спроведат голем број обуки со цел да се понуди поквалитетен такси-превоз, пред се', во туристичките центри како Скопје, Охрид, Струга“, рече Јанакиески. Сега таксистите стравуваат за својата работа, како за тоа дали ќе научат англиски , така и од високите казни. Со најновите измени е предвидено и да се регулира превозот на ученици и други патници, да се постигне и обезбедување поквалитетен превоз за учениците,  но и да се категоризираат автобусите.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии