АКО ПАТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА: Moра да пополните „формулар за лоцирање на патници“
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
Луѓето кои од 1 јули планираат да патуваат во Грција, ќе мораат да пополнат таканаречен „формулар за лоцирање на патници“, односно „Passenger
Locator Form“ (PLF), објавија грчките власти.
Се работи за специјален образец, достапен на специјалниот вебсајт travel.gov.gr, кој задолжително ќе треба да го пополни секој патник, и тоа најмалку 48 часа пред пристигнувањето во земјата.
Доколку планирате да посетите повеќе локации во земјата, ќе треба и тоа да го наведете.
Во PLF формуларот, патниците ќе треба да ги наведат личните податоци, но и детални информации за нивната посета на Грција – почнувајќи од локацијата на поаѓање, преку времетраењето на претходните престои во други земји, па до траењето на престојот и адресата на која планирате да престојувате додека сте во Грција.
Формуларот, во електронска или испечатена верзија, ќе мора да го прикаже секој.
Согласно наведените податоци во PLF формуларот, ќе добиете соодветен единствен баркод (QR), согласно кој, при влез во земјата (на граничниот премин, на аеродромот или на пристаништето) ќе се врши селекција на патниците и истите ќе бидат упатени на скрининг (тестирање) или ќе им биде дозволено да го продолжат патувањето и ќе добијат соодветни упатства.
Оние што ќе бидат упатени на скрининг, ќе треба да останат на наведената крајна адреса во
Грција во самоизолација сѐ до пристигнувањето на резултатите од тестирањето.
Во Грција се регистрирани 3.336 позитивни, а починаа 191 заразен.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.