Ако патувате во странство, еве под кои услови можете тоа да го сторите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Јуни, 2020
Детални информации и совети за патување во странство во периодот на пандемијата можете да најдете на веб страницата на Министерството за надворешни работи.
Дали е дозволен влез во конкретната држава, кои се условите за влез, дали е потребен ПЦР тест, дали има задолжителна изолација или карантин? МНР дава одговор на сите овие прашања.
Ако сакате да патувате во Албанија, за влез во оваа земја е олеснето движењето на странските и албанските државјани кои остваруваат влез во државата.
Според последните мерки отворени се границите, не е потребно одобрение за влез, не е потребен ПЦР тест, не е потребен карантин и не е потребна самоизолација.
За Србија треба да знаете дека тамошната влада на 22 мај годинава донесе одлука за укинување на забраната за влез во земјата за сите категории на домашни и странски државјани. Според истата, за влез повеќе не е потребна посебна дозвола/согласност, со што минувањето на границата е вратено на вообичаен режим.
Детали можете да прочитате овде.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.