АКО ПЛАНИРАТЕ РАБОТА ВО ЦРНА ГОРА: Ова е градот со највисоки плати
Објавено во: Економија 04 Август, 2025 17:46
Просечната нето плата во Црна Гора во јуни изнесувала 1.010 евра, a највисоки плати имало во Тиват.
Просечната нето плата во Црна Гора во јуни оваа година изнесувала 1.010 евра, а највисоката просечна нето плата во износ од 1.179 евра е забележана во Тиват.
Податоците од Статистичкиот завод Монстат покажуваат дека просечната нето плата во јуни се намалила за 0,4 проценти во споредба со мај, додека бруто платата во јуни изнесувала 1.203 евра, пренесува РТЦГ.
Освен Тиват, највисока нето заработка е забележана во Зета (1.139 евра) и Подгорица (1.061 евра).
Инаку, најниски биле платите во Петњица - 820 евра, Андријевица - 824 евра, Гусиње - 844 евра.foto Wikipedia/Dreizung
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




