АКО СКЕНИРАТЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ: Износот на повратот за МојДДВ до 2028 година ќе се зголеми на 3.000 денари
Објавено во: Економија 02 Април, 2024 15:59
Износот на повратот за МојДДВ до 2028 година ќе се зголеми на 3.000 денари.
Веќе неколку години граѓаните добиваат пари од поврат на ДДВ.
„Оваа мерка, која ја воведовме пред речиси 5 години, е уште еден ефикасен механизам за заштита на домашната економија и на државниот буџет, но и мерка преку која вративме близу 150 милиони евра во семејниот буџет на граѓаните МојДДВ продолжува да се бори со сивата економија заедно со граѓаните. Во 2025 година максималниот износ на поврат ќе го зголемиме на 2.400 денари, во 2027 на 2.700 денари, а на крајот на мандатот во 2028 година тој ќе изнесува 3.000 денари месечно“, изјави заменик претседателката на СДСМ и носителка на листата на СДСМ во третата изборна единица, Сања Лукаревска на денешната промоција на Програма за европска иднина.
Оваа мерка е во интерес на домашната економија и буџетот.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




