АКО СТЕ МАЈСТОР ИЛИ ХИГИЕНИЧАР, ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА МНОГУ НЕ ВИ МОЖЕ - но за некои ќе биде лошо, алармантен извештај на Голдман Сакс
Објавено во: Економија 04 Април, 2023 17:17
„Голдман Сакс“ неодамна објави отрезнувачки и алармантен извештај за порастот на вештачката интелигенција, во кој беше посочено дека доколку оваа технологија ги исполни очекувањата што ги поставивме за неа, работната сила во САД и Европа практично ќе биде „поништена “.
Оваа инвестициска банка прогнозира дека околу 300 милиони работни места во светот ќе бидат изложени на ризик да исчезнат. Банката тврди дека овој тип на автоматизација ќе доведе до низа иновации кои последователно ќе отворат нови работни места.
За компаниите, пак, банката посочува дека развојот на вештачката интелигенција ќе доведе до сериозно намалување на трошоците и дека доколку технологијата се користи со цел економски раст, можно е да се зголеми глобалниот БДП за 7 проценти во период од само неколку години.
Дали и вашата работа е загрозена?
Според извештајот на Goldman Sachs, стапката на раст на популарноста на вештачката интелигенција е најслична на поранешната популаризација на компјутерите, паметните телефони и другите технолошки уреди.
Според банката, комбинацијата од намалување на трошоците, отворање нови работни места и брзото зголемување на продуктивноста што го овозможува технологијата потенцијално значи голем скок на продуктивноста на вработените и тоа го истакнуваат како главна причина за укинување на одредени работни места.
Како што може да се види на графикот нагласен во студијата, најзагрозените работни места се: Канцелариска административна поддршка, правни работи, архитектура и инженерство, деловни и финансиски операции, менаџмент, продажба, здравство, уметност и дизајн.
Она што е најинтересно во целиот извештај е дека најмалку погодени работни места ќе бидат физичките работни места како што се работните мајстори кои ќе бидат погодени само со 4 проценти и чистењето, одржувањето на хигиената и слични работни места кои ќе исчезнат најмногу 1 процент.
(Извор: Голдман Сакс, Форбс)
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




