15 Декември, 2025
0.0494

АКО СТЕ ВО ИСТАНБУЛ, ВНИМАВАЈТЕ: Можно се напади на места каде се шетаат западните туристи

Објавено во: Свет 31 Јануари, 2023 08:43

Добивај вести на Viber

САД излезе со уште едно предупредување за можни терористички напади во Турција.

Амбасадата на САД во Турција денеска ги предупреди Американците за можни напади врз цркви, синагоги и дипломатски претставништва во Истанбул. Ова е второ известување за четири дена, откако се случи палењето на Куранот во Европа. 

Во ажурираното безбедносно предупредување, амбасадата на САД соопшти дека „можни се непосредни одмазднички напади од терористи“ во областите посетени од западни туристи, особено во градските населби Бејоглу, Галата, Таксим и Истиклал.

Неколку амбасади во Анкара, во петокот меѓу и оние на САД, Германија, Франција и Италија, издадоа безбедносни предупредувања за можни одмазднички напади врз места за богослужба, по одделни инциденти во кои беше запалена муслиманската света книга Куранот во Шведска, Холандија и Данска. И Турција ги предупреди своите граѓани за „можни исламофобични, ксенофобични и расистички напади“ во САД и Европа.

Стотици муслимани во Индонезија се собраа пред шведската Амбасада во Џакарта во знак на протест против палењето на копии на Куранот во Шведска и Холандија. Тие ги запалија портретите на данскиот антиисламски активист Расмус Палудан, како и знамињата на Шведска, Данска и Холандија.

foto freepik.com/Yaroslav Danylchenko

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса