05 Декември, 2025
0.0572

Ако Токио е најскап град за живот, тогаш кој е најевтиниот?

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2013 18:14

Добивај вести на Viber

Ако многумина веќе знаат дека најскап град во светот е Токио, малкумина претпоставуваат дека  најевтино се живее во Карачи. Според истражувањето што веќе 20 години го спроведува консултантската куќа „Економист интелиџенс јунит“, веќе 14 години по ред на прво место на листата од 131 најскапи градови во светот се најде главниот град на Јапонија, пред уште еден јапонски град Осака, додека третопласиран е Сиднеј. На четврто и петто место се Осло и Мелбурн, пред Сингапур и Цирих, кој падна за шест места во однос на претходната година. Осмата позиција му припадна на Париз, деветтата на Каракас на деветто, а Женева се најде на десетто место. Според ова истражување, најевтин град е пакистанскиот главен град Карачи, а потоа следат два индиски града Мумбај и Њу Делхи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: