„АКО ВМРО-ДПМНЕ НЕ РАЗГОВАРА СО ГРЦИЈА, ТОГАШ НЕМА ДОБРИ НАМЕРИ“: Маричиќ вели Грција е помоќна од Бугарија, може да ни направи штета
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2024 12:27
Ако ВМРО-ДПМНЕ не разговара со Грција, тогаш нема добри намери, и ние ќе имаме проблеми.
Ова го кажа вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Дејли Клик“ на ТВ21.
„Се покажаа точни моите прогнози дека ВМРО-ДПМНЕ не блефира, и дека не планира да ги направи Уставните измени и да не го почитува Преспанскиот договор. Имаме шанса да се спасиме од ширење на ветото. Имаме вложено многу во изминатите години во креирање на Преспанскиот договор и би била голема штета после се што направивме поради неодговорни изјави, да влеземе во тунел во кој тешко ќе излеземе. Затоа што Грција објективно е далеку помоќна членка на Бугарија и може да направи повеќе штета за нас. Јас сум убеден дека дел од проблемите излегуваат од недоволно знаење во однос на Преспанскиот договор, и од новата власт ќе имаат соодветно време да го проучат и да разговараат. Им советувам да разговараат со грчката страна, ако имаат добра намера, ако не, доволно е да продолжат вака, и уште 2-3 изјави и односите со Грција ќе отидат во друга насока“, рече Маричиќ.Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




