16 Мај, 2024
0.0388

АКО ВОЗИТЕ НЕКОЈ ОД ОВИЕ СТАРИ АВТОМОБИЛИ, НАБРГУ НА НИВ БИ МОЖЕЛЕ ДОБРО ДА ЗАРАБОТИТЕ - еве како

Објавено во: Економија 13 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Мет Ричардсон, кој го води каналот на YouTube Furious Driving, тестира широк спектар на класични и модерни возила и одржува сопствена флота од ретро модели, а сега ги сподели своите размислувања за тоа кои користени автомобили наскоро треба да станат колекционерски предмети и затоа би можеле значително да ја зголемат цената во претстојниот период, известува N1.

Подолу погледнете некои од возилата за кои Ричардсон верува дека ќе станат класици и ги советува возачите да инвестираат во нив доколку сакаат да купат нов автомобил наскоро.

Ауди А2

Ричардсон наведува дека се работи за одлични мали автомобили кои се произведувале од 1999 до 2005 година.

„Тие се одлични“, започна Ричардсон, а потоа продолжи: „Задачата беше да се направи мало, а не евтино, Audi, но што ќе изгледа врвно. Она што го сакам во него е тоа што беше знак за паметен дизајн, како и поместување на границите кога станува збор за техниката на производство, и беше дизајниран да биде неверојатно лесен и ефикасен“.

Како што објави express.co.uk, Ричардсон го препорачува Audi A2, најмалиот модел што марката го произведе кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, наведувајќи дека ова возило треба да биде првиот иден класик. Доколку размислувате да го купите овој автомобил, треба да го направите тоа што е можно поскоро бидејќи неговата цена веќе е зголемена на околу 5.870 евра.

Форд Ка

Ричардсон верува дека возачите кои купуваат Форд Ка би можеле да заработат добар профит од него во наредните години. Тој додава дека се работи за мал автомобил кој е евтин за возење, но ќе имате неверојатно чувство зад воланот и токму оваа комбинација го прави фантастично возило.

Фиат мултипла

Ричардсон тврди дека оние кои размислуваат да го купат овој автомобил не треба да се откажуваат поради грдиот изглед на возилото и додава дека овој пример наскоро би можел да стане колекционерски предмет.

„Звучам малку контроверзно и ова можеби е непопуларна одлука за некои, но мислам дека ова е дефинитивно идна класика бидејќи е многу различен и иконичен“, рече Ричардсон, додавајќи дека овој модел, кој се произведуваше од 1998 до 2004 година, беше навистина грд.

„Сепак, тоа е храбар дизајн, а луѓе, храбриот дизајн создава спомени“, изјави тој, нагласувајќи дека сите ќе го паметат овој модел.

Можеби ќе ве интересира

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА