20 Декември, 2025
0.0389

Активист со помош на балони ќе го испраќа филмот „Интервју“ во Северна Кореја

Објавено во: Свет 31 Декември, 2014 10:37

Добивај вести на Viber

Активист од Јужна Кореја најави денес дека кон својот северен сосед ќе испрати балони со записи од филмот „Интервју“ со што би се разбил култот на личноста на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Филмот поради кој компанијата „Sony“ беше мета на хакерски напади, за кои САД го обвинија Пјонгјанг, на комичен начин го прикажува наводното планирање на атентат врз Ким Џонг Ун. Северна Кореја негираше дека има било каква поврзаност со хакерските напади и ветила дека ќе се освети доколку поради тоа биде санкционирана. По одложувањето на премиерното прикажување поради хакерските напади, оваа комедија за време на првото прикажување во САД заработи милионски суми. Активистот Парк Санг Хак изјавил дека кон крајот на јануари ќе почне со балони да испраќа 100.000 DVD и USB мемории на кои ќе биде зачуван спорниот филм. Во овој потфат ќе му помогне и непрофитната Фондација за човекови права, со седиште во САД, која ќе го динансира размножувањето на филмот со корејски превод. Претставниците на Фондацијата материјалот ќе го донесат во Јужна Кореја околу 20 јануари, кога, доколку ветрот биде поволен, ќе ја испратат првата серија балони. „Апсолутното водство на Северна Кореја ќе се симне доколку се разбие идеализацијата на лидерот Ким“, истакнал Парк, кој избегал од Северна Кореја. Во октомври Северна Кореја отвори оган врз големи балони со пропаганден материјал против власта во државата, кои беа испратени од активисти од Јужна Кореја. Тоа дури и предизвика размена на оган со јужнокорејската војска. Сепак, и да стигне филмот во Северна Кореја, прашање е колку истиот ќе биде гледан, биејќи се верува дека само мал број луѓе на оваа комунистичка земја имаат компјутер или „DVD – player“, а голем дел од нив веројатно нема да ризикуваат да бидат фатени додека го гледаат офој забранет филм. За да имате компјутер во Северна Кореја потребна е дозвола од властите и три просечни плати, велат аналитичарите од Јужна Кореја.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја