19 Декември, 2025
0.0425

Ал Каеда планира нови напади на Запад

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2015 10:15

Добивај вести на Viber

Терористичката мрежа Ал Каеда сака да изведи „спектакуларни терористички напади“ кои како последица би имале голем број цивилни жртви особено во делови на Британија како и во други западни држави, предупредува првиот човек на британската разузнавачка служба „MI5“, Ендру Паркер. Тој нагласил дека и покрај тоа што денес нова опасност претставуваат џихадистите од Исламската држава, постојат сознанија дека Ал Каеда и понатаму настојува да направи „нешто спектакуларно“. „Знаеме дека терористите од Сирија сакаат да изведат директни напади против Британија и дека ги наговараат екстремистите да делуваат самостојно“, рекол Паркер, пренесува британскиот „Скај њуз“. „Знаеме дека групата која го сочинува срцето на терористите на Ал Каеда во Сирија планира напади на Запад во кои би страдале огромен број луѓе“, додал тој. Според неговите зборови, мета на терористите од оваа мрежа, но и на „нивните имитатори“ би биле сообраќајните метежи како и други фрекфентни локации. Вританскиот весник „Скај њуз“ наведува дека уште од претходно било познато оти експерти за експлозив од Ал Каеда преминале од Пакистан во Сирија, од каде полесно им е да најдат доброволци од Британија да изведат напади на нејзината територија, но и во другите западни земји. На нивно чело се наоѓа експерт за бомби и други експлозивни направи, Мухсин ал Фадли, по кого трага и американската FBI, кој за информација која би ја открила неговата локација распишала награда од седум милиони долари. По нападот на редакцијата на францускиот весник „Шарли Ебдо“, Британија распореди дополнителни полициски сили  со цел да ја зајакне својата мрежа за безбедност. За сега не се знае дали главноосомничените за овој напад делувале самостојно или биле поврзани со некоја меѓународна терористиќка организација.  

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела