22 Јануари, 2025
0.0290

АЛАРМАНТНО: Македонија прва по загаденост на воздухот во Европа!

Објавено во: Мои пари 26 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Загадувањето на воздухот во Македонија е едно од најголемите во Европа, оценува Светска Банка во својот извештај за земјава. Тоа пак е една од најголемите грижи на земјата, посочуваат од банката. Целта на анализата е проценка на ефектите врз здрвјето од загаденоста на воздухот во Македонија и трошоците на овие ефекти врз општеството. Македонија има најзагаден воздух во Европа, а загадувањето на воздухот со години е над европските стандарди, потенцираат од Светска Банка. Земјава е на прво место на листата на банката, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички. Веднаш зад нас е Србија, а потоа следуваат Романија, Бугарија и Малта. Но, дополнително во извештајот е наведено дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно од ПМ10 честичките. Сознанијата на Светска банка, упатуваат на тоа дека цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадиници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП.
„Прераната смртност се појавува од кардиопулмонарни заболувања и рак на белите дробови. Во 2011 година, нивото на загадување од цврсти честички беше примарно одгвоорно за 485 нови случаи на хроничен бронхитис, 770 болнички приеми и 15.200 итни посети. Со намалување на ПМ10 и ПМ25 до европските гранични вредности ќе се избегнат повеќе од 800 смртни случаи и многубројни изубени работни денови, со што ќе се реализира заштеда во здравствени трошоци од 151 милиони евра годишно“, се наведува во извештајот на банката.
Загаденост на воздухот, далеку над европските стандарди Концентрациите на штетните честички во воздухот ги прекршуваат стандардите за квалитет на воздух на Европската Унија и тоа е една од најсериозните грижи на земјата, посочуваат банкарите, при тоа потенцирајќи дека честичките ПМ10 сериозно го надминуваат годишниот стандард на Европската Унија. Од Светска банка препорачуваат дека намалувањето на загадувањето на воздухот е можно со употреба на расположливи технологии во индустријата и патниот сектор и со помош на владини програми за поддршка на употреба на модерни ефикасни апарати за готвење во домаќинството. Дополнително, загадувањето исто така може да се може и географски да се насочи, бидејќи според анализата, 45% од здравстевните последици се јавуваат во Скопје и во уште неколку локални производствени зони.
„Од 84 оопштини во Македонија, 15 сочинуваат 88% од вкупниот задрвстен товар од загадување на воздухот, а од нив речиси пола се лоцирани во Скопје. Општините се мали, густо населени и урбанизирани. Кога се комбинираат со лошите атмосферски услови во декември- загадувањето на воздухот станува сериозна грижа, се наведува во изваштајот.
Високата и растечка зависност од дрвата за огрев генерира големо локално загадување на воздухот Според, анализата на Светската банка, повеќе од 90% од штетните честички доаѓаат од металургијата, производството на струја и мешање на асфалт на патишта како и горење на дрво во домаќинствата.
„Според официјалната статистика, горењето дрва во домаќинствата создава околу осум проценти од емисиите на стакленички гасови во земјата и приближно ист удел од вкупното загадување со ситни честички.Околу 70% од енергијата што се користи за греење доаѓа од биомаса или огревно дрво. Најважно е дека користењето на неефикасни печки за дрва е широко распорстарането што го пдорива она што би можело да биде користење од обновливи извори поволни за климата. Наместо тоа се поголемото корисење на биомасаа би можело да биде индикација за енергтска сиромаштија, отсликувајќи ја неспособноста на домаќинставата да си дозволат модерни извори на затоплување како што е гасот, централно греење или струјата, но и како немање пристап до гас“, е наведено во анализата на Светска банка.
Користењето на биомасата во Македонија е поголемо отколку во поголемиот дел од Европа и расте последните години. Три четвртини од населението секојдневно користи дрво за греење.Оособено изненадувачи е дека дури и во урбаните подрачја, скоро60% од домашинстават за затоплување користст биомаса, споредено со 95% од руралните домашинстава. Во Европа, смао Црна Гора, Босна и Херцеговина и Коосво се блиску до нивото на користење на биомаса во Македонија.Нагорниот тренд на затоплување и готвење на биомаса во Македонија се забрза во поселдните години, рсатејќи пртосечно 6% годишно. Користењето на нелегално дрво за огрев преовладува во земјата. Иако целокупната пошумена површина во Македонија релативно останува стабилна, со околу 37% од територијата, незаконската сеча е значителна и голема закана за шумската маса. Односно, 85% од законски исечените дрва се за огрев додека пак целото незаконско сечење на дрвата е наменето за огрев.  Н.С.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД