16 Февруари, 2025
0.1753

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Денешниот настан има огромно значење за Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Фондацијата „Никола Јанчев“ и за Македонија. Потпишан е договор за соработка и донација, на три години, помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ, што е резултат на посветените заложби на градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев и одборот на Фондацијата. Оваа поддршка е важен поттик за понатамошен развој на МАНУ, која има клучна улога во сочувувањето на нашето уметничко и културно наследство.

МАНУ, како највисока и самостојна научна и уметничка институција во земјата, игра одлучувачка улога во следењето на состојбата во науките и уметностите и во нивното унапредување. Академијата се залага за оспособување и усовршување на научно-истражувачките и уметничките кадри, како и за заштита и афирмација на македонското културно наследство и природни ресурси.

Од друга страна пак Фондацијата „Никола Јанчев“ дејствува во решавање на важни прашања, а со својата грижа и донации придонесува за долгорочен и одржлив развој на својата заедница. Фондацијата помага онаму каде е најпотребно, а фондот се гради од донираната Градоначалничка плата од страна на г-дин Митко Јанчев, како и од средствата дадени од компанијата “Кожувчанка”. Вкупниот износ на донација досега изнесува околу 5 милиони денари.

МАНУ помина низ значајна етапа од својот развој, но како и сите други институции, се соочува со големи предизвици што ги носи времето. Во наредните години, Академијата ќе продолжи да работи на остварување на својата мисија и визија, со цел да даде целосен придонес во интеграцијата на македонската наука и уметност во современите европски и светски научни текови, па затоа оваа соработка е од големо и клучно значење.

 „Како претседател на Фондацијата „Никола Јанчев“ и Генерален менаџер на Компанијата „Кожувчанка“, би сакала да изразам огромна почит кон МАНУ и сите кои се дел од неа. Ме радува што Фондацијата од својот локален карактер прераснува во препознавање на национално ниво, сега и преку оваа од голема важност соработка со МАНУ. Верувам дека средствата ќе бидат имплементирани за сигурни цели, кои ќе поттикнат научно-истражувачка работа и постојана грижа за зачувување на македонското уметничко и културно наследство.- изјави г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Претседател на Фондацијата „Никола Јанчев“ и Генерален менаџер на компанијата „Кожувчанка“.

Од Фондацијата „Никола Јанчев“ се надеваме на постојана и плодна соработка со Македонската академија на науки и уметности.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка

УНИБанка АД Скопје и Развојна банка на Р.С. Македонија потпишаа Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, т.н. Унгарска кредитна линија

ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Купување и подарување за денот на вљубените, потреба или тренд?!

Купување и подарување за денот на вљубените, потреба или тренд?!

„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ - ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање

„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ - ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање

„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман со длабока хуманистичка порака за здружувањето заради постигнување повисока цел

„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман со длабока хуманистичка порака за здружувањето заради постигнување повисока цел

Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станува достапна за секој трговец

Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станува достапна за секој трговец