АЛАРМАНТНО ВО ДЕБАР: Меѓу заразените има млади на возраст од 20 до 30 години
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Јуни, 2020
Коронавирусот повторно се шири во Дебар.
Во Дебар од 5 јуни наваму има 12 новозаразени од коронавирусот.
Се очекува дека и понатаму ќе има нови случаи.
Таткото на градот, Хекуран Дука на денешната-прес конференција, одржана по средбата со општинскиот Оперативен штаб со кој раководи тој, епидемиолошката состојба ја оцени како алармантна.
„Од петти овој месец до вчера регистрирани се 12 новозаразени. Од нив првозаразениот е веќе излекуван, еден болнички се лекува во болницата „Осми септември“ во Скопје, додека 10 се лекуваат во домашни услови. Во самоизолација се осумдесеттина лица“, вели Дука.
Новозаразените се млади луѓе на возраст од 20 до 30 години.
Дука додаде дека се очекуваат резултати од 40 земени брисеви, како и за еден вработен од детската градинка, каде од 69 земени брисеви 68 се негативни.
Дебар и Центар Жупа месец дена беа во карантин, што придонесе да се стопира заразата, но таа повторно се врати во градот. До 4 јуни во градот немаше инфицирани од Ковид -19.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.