20 Декември, 2025
0.1891

Албанците купуваат станови во Ниш, посредуваат косовските Срби!

Објавено во: Балкан 04 Септември, 2013 22:22

Добивај вести на Viber

Косовските Албанци, полека но сигурно го „окупираат" Ниш, пишува српскиот весник Новости. После голем број на барања за постојан престој поднесени го нишката полиција во 2010 година, последната година тие се во потрага на станови во градот. Новост пишува дека косовските Албанци до сега индиректно станале сопственици на околу 300 станови во Ниш, а во овој "бизнис", како објави весникот, во голема мера им помагаат Србите кои останале привремено раселени од Косово и кои сега живеат во Ниш. „Притиснати од сиромаштијата Србите беа принудени да прават бизнис со Албанците", вели Горан С. кој во 1999 година бил принуден да дојде од Приштина во Ниш. Со цел да се прикријат и да избегнат проблеми поради сеуште затегнатите односи, Албанците на Србите им даваат  пари за да купат одреден стан во Ниш. Веднаш потоа на посредниците им плаќаат надоместок за соработка од по неколку илјади евра, пишува Новости. Шемата со која Албанците доаѓаат до станови во Ниш е следа: кога Србин со албански пари купува стан, тој се регистрира на неговото име.  По заверка на продажбата во Општинскиот суд во Ниш, се склучува договор дека Албанецот му зајмил пари на Србинот, толку колку што чини станот. Како гаранција за враќање на парите, Србин го дава купениот имот. И кога по истекот на рокот, "нема пари" за да го отплати кредитот, го дава станот на Албанецот. За купувањето станови во Ниш иако се знае, сепак официјално се молчи. Србите кои продаваат имот на Албанците се плашат од осуда на околината, додека албанските купувачи се плашат дека тие всушност може да ги налутат властите на Србија и околината, па зошто чекаат соодветен момент кога тоа ќе бидат во можност да го формализираат. „Албанците добро плаќаат, многу повеќе од пазарната цена на недвижен имот. Ми препорачаа да најдам некој посредник од косовските Срби кои сега живеат во Ниш, но решив да го избегнам тоа поради високите дополнителни трошоци", вели за Новости жител на Ниш  кој неодамна го огласил станот за продажба во еден од приштинските медиуми.  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација