Албанец уапсен за тероризам во САД
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2016
Уапсен е Албанец во својот стан во Њујорк, под обвинение за тероризам, како и поддршка на радикални организации, пренесува МИА.
Станува збор за Саимир Алимехмети, чија цел била да се бори на страната на терористите и собирање муниција за терористичките организации. Американанските медиуми пишуваат дека тој е дел од тетористичка ќелија. Во текот на неколку дена, колку што го следел, таен американски агент успеал да открие вознемирувачки факти. Агентот открил дека ова лице поседува ужасно видео на ИД, во кое се гледа како нејзините припадници сечат глави на затвореници. Алимехмети му кажал на агентот дека ќе замине за Сирија, затоа што веќе бил дел од системот. Тој кажал дека има 2.500 долари, но дека му треба пасош и дека сакал претходно да побегне во Сирија и дека неговиот брат бил уапсен во Албанија во 2015 година.