20 Декември, 2025
0.0394

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

Објавено во: Економија 15 Мај, 2024 09:20

Добивај вести на Viber

Техникал Текстајлс, фабриката која произведува фибер стакло за индустријата, за бродската индустрија и за индустријата за енергија на ветер. во слободната индустриска зона, е лидер по остварена добивка во Штип за 2023. 

Во „Градот под Исарот“ на второто место е малопродажниот трговски ланец „Кит-Го“, кој од пред две години има нов сопственик во „Вива Фреш“. 

На третото место огромен скок прави компанијата за производство на електрична енергија КТМ Енерџи Солушн, која работи само две години, но за брзо време се вивна во водечката тројка. Компанијата во сопственост на Трајче Димитров, Марјан Јовчевски и Кристијан Колев од 250.000 евра добивка во 2022 направи скок на заработка од 2,4 милиони евра во 2023. Приходите се зголемени повеќе од петкратно.

На 4.позиција е фабриката за метални конструкции „Актива“, која од оваа година покажа амбиции да го преземе производството на автобуси од Ван Хоол. Во првите 5 е и Езимит Вино, чија основна дејност е наплата на рента од недвижнини. во сопственост на Вито и Дебора Митровски, наследниците на Зоранчо Митровски.

Над еден милион евра добивка имаат и ЕАМ, текстилната компанија за плетена облека, и Оаза Екстра-Скопско, дистрибутерот на големо на пијалоци. Понатаму следуваат Нико 2002, трговецот на големо со текстил и трикотажа, и кондиторскиот производител Стел Импекс.                                                                                                                               А.К.

Извор: Централен регистар


Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба