15 Декември, 2025
0.0320

АЛБАНИЈА ГО ОТВАРА ПОСЛЕДНИОТ КЛАСТЕР ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ: Преговорите ги почна заедно со Македонија

Објавено во: Свет 17 Ноември, 2025 08:22

Добивај вести на Viber

 Албанија и ЕУ денеска во Брисел ќе ја одржат седмата Меѓувладина конференција во чии рамки ќе бидат отворени преговорите по последниот, Кластер 5 од пристапниот процес „Ресурси, земјоделство и кохезија“. 

Во рамките на овој Кластер спаѓаат поглавјата 11 – „земјоделство и рурален развој“, 12 – „безбедност на храната, ветеринарство и фитосанитарнија“, 13 – „рибарство и аквакултура“, 22 –„регионална политика и координација на структурните инструменти“ и 33 – „финансиски и буџетски одредби“. 

Со Конференцијата ќе претседава данската министерка за европски прашања Мари Бјере, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. 

Албанија ги започна пристапните преговори со ЕУ, заедно со земјава, на 19 јули 2022 година со одржување на Првата меѓувладина конференција. По завршувањето на скрининг процесот, Албанија и ЕУ ја одржаа Втората меѓувладина конференција на 15 октомври 2024 година, кога официјално стартуваше преговарачкиот процес со отворањето на Кластерот 1 – „Основни вредности“. 

Третата конференција се одржа на 17 декември 2024, кога започнаа преговорите по Кластерот 6 – „Меѓународни односи“, а на 14 април 2025 година и Четвртата, на која беше отворен Кластерот 2 – „Внатрешен пазар“. 

На Петтата конференција на 22 мај 2025 година беше отворен Кластерот 3 – „Конкурентност и инклузивен раст“, а на 16 септември годинава во рамки на Шестата меѓувладина конференција и Кластерот 4 – „Зелена агенда и одржлива поврзаност“.  

Во меѓу време, ЕУ ги постави и критериумите за привремено затворање на поглавјата. 

Според правилата на пристапниот процес на ЕУ, преговорите за членство се водат на меѓувладини конференции помеѓу Унијата и државата кандидат. Преговорите се однесуваат на усогласеност со корпусот на заедничките права и со законодавството на ЕУ поделени на повеќе поглавја, групирани во шест кластери. Конференциите се одржуваат на ниво на министри или нивни заменици.  

Албанија има амбиции да ги заврши преговорите до крајот на 2027 година. По ова би следела процедурата за ратификација на договорот за членство од страна на државите од Унијата, што во принцип трае 18 до 24 месеци, по што Албанија се надева дека би можела да стане членка на ЕУ во 2030 година. 

Инаку, Албанија доби кандидатски статус за членство во ЕУ во јуни 2014 година. Европската комисија во април 2018 година даде препорака за отворање на пристапните преговори со Албанија, по што Европскиот совет во јуни 2019 година го одобри нивниот старт. 


Можеби ќе ве интересира

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму