АЛБАНИЈА ГРАБИ НАПРЕД: Oтвора уште еден кластер во преговорите за пристапување во ЕУ
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2025 22:12
Албанија отвора уште еден кластер во преговорите за пристапување во Европската Унија(ЕУ).
На Меѓувладината конференција за пристапување во Брисел, Албанија денеска ги отвори преговорите во Група 3, Конкурентност и инклузивен раст, која вклучува осум преговарачки поглавја.
Ова е веќе четвртиот кластер што таа го отворила во преговорите досега. Нова методологија за преговори беше воведена во 2020 година, кога 35-те преговарачки поглавја беа поделени во шест тематски кластери. Оттогаш, земјите-кандидатки не отворија преговори за поединечни поглавја, туку за неколку од нив, обединети во групи. Според најавите на европските лидери, Aлбанија има реални шанси во 2027 година да влезе во ЕУ.
Албанија аплицираше за членство во ЕУ на 24 април 2009 година, по што Европската комисија на 9 ноември 2010 година оцени дека пред официјален старт на пристапните преговорите, земјата треба да постигне поголем степен на усогласеност со критериумите за членство, вклучително и со имплементација на 12-клучни приоритети. Во октомври 2012 година, Европската комисија препорача на Албанија да се додели статус на кандидат за членство, под услов да ги спроведе клучните барања за реформа на судството и јавната администрација и за промена на Деловникот на албанското Собрание. Албанија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ во јуни 2014 година, но стартот на преговорите две години беше блокиран од страна на Грција поради, според тврдењето на Атина, кршење на правата на припадници на грчкото малцинство во земјата. foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





