АЛБАНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ДРОНОВИ ОД ТУРЦИЈА: Рама вели дека неговата земја не може да биде нападната
Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2024
Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Албанија не може да биде нападната, а Турција ќе им подари „значителен“ број дронови камикази.
Тој не даде повеќе детали за дроновите. На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е во еднодневна посета на Тирана, Рама рече дека тоа е подарок што доаѓа како силна порака од Турција дека Албанија не може да биде нападната, објави Ора њуз.
Рама Тирана изјави дека Косово не може да најде поголем пријател од Турција и нејзиниот претседател и потсетил дека Турција прва ја признала независноста на Косово.