„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2024 18:40
Медиумите барале одговор од директорот на основното училиште „7 март“ околу инцидентот со празнувањето на албанското знаме, во кој деца со униформи на ОВК и „наоружани“ со пластични пушки изведувале приредба, а родители им плескале, но тој не одговорил на нивните повици.
Инаку, тоа училиште е лоцирано во тетовското село Челопек, во општина Брвеница. Претходно името на училиштето било Братство, но по барање на локалните Албанци, тоа го сменило името во „7 Март“, односно датумот кога се одбележува денот на албанските наставници, кој всушност е датумот на кој е отворено првото училиште на албански јазик во историјата.
Но, ако директорот не им дал одговор на новинарите, тоа ќе мора да го стори пред инспектори од Државниот просветен инспекторат. Министерката за образование Весна Јаневска, која откако синоќа за овој инцидент реагираше на фејсбук, изјави дека доколку се утврди прекршување на Законот за основно образование, како и на принципите на демократија, соживот, емпатија и базични човекови вредности, кои треба да се промовираат во училиштата, ќе има санкции и за директорот и за наставниците, а не ја исклучи и можноста да пријават и во полиција доколку се утврди злоупотреба на правата на децата.
„Кога во училиштето ќе се појави некаква приредба во која се промовира милитантизам со униформи на нерегуларна војска со амблеми и со играчки пушки и пиштоли не укажува на овие вредности. Затоа ќе испратиме Државен просветен инспекторат да провери дали се работи по план дали е ваквата приредба пријавена кој ја одобрил ваквата приредба и се друго што значи соодветно работење на раководството, дали одговара на Законот за основно образование, каде се вели дека нема да има дискриминација.. Ако е прекршен законот следи санкција и за директорот и за наставниците кои тоа го направиле. Можно е да, затоа реков дека утре Државниот просветен инспекторат ќе постапи и по други закони а ќе пријавиме и во полиција“, изјавила за Канал 5 министерката.
Овој случај го привлече вниманието и на медиумите во регионот.„Албански ученици со калашњикови во рацете го празнуваат денот на албанското знаме“, „Скандал во Северна Македонија: Деца одбележуваат албански празник со автомати во училиште“ се дел од насловите за приредбата.
Видеото од приредбата кое беше објавено на Фејсбук страната на училиштето, сега е тргнато од социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




