АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2024
Анди Исмаили од Македонија освои златен медал на натпревар во танц во Киелце и стана светски шампион во модерен танц во конкуренција од 72 танчери од светот.
Оваа информација ја споделија од танчерското студио каде што членува Анди, Studio Break a leg.
A, по добивањето на наградата Анди ја пееше македонската химна.
„Анди Исмаили Светски Шампион!!! Анди Исмаили во конкуренција од 72 танчери!!! Бравоооо Анди“, напишаа од студиот, објавувајќи видеа и фотографии од настанот.
Браво Анди, браво Шампионе
Се огласија и граѓани со реакции.„Додека последните денови беа одбележани со тензии, Анди Исмаили не потсети на вистинска вредност на уметноста, спортот и заедништвото. Освои златен медал на натпревар во Киелце во конкуренција од 72 танцхери од целиот свет и ја освои титулата светски шампион во модерен танц. Анди Исмаили ја прослави титулата пеејќи ја македонската химна завиткан во македонско знаме. Ова е пример како спортот уметноста, трудот и почитувањето ги бришат границите и градат заедништво!“, напиша на фејсбук Аслан Вишко.
Фото: Studio Break a leg
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.