Албанија за летната сезона најавува бродска линија Подградец-Охрид-Струга
Објавено во: Балкан 21 Мај, 2014 13:34
Албанскиот министер за транспорт Едмoнд Хаџинасто при престојот во Подградец најави почеток на бродската линија Подградец-Охрид-Струга.
- Врз основа на договорот меѓу министерствата за транспорт на Македонија и на Албанија, бродската линија ќе профункционира од 15. јуни се до 15. септември, што значи за главната туристичка сезона. Нејзиниот старт ќе даде нов импулс за развој на туризмот во Поградец, изјави Хаџинасто.
Во Подградец тој се запознал со текот на работите околу пристанишната инфраструктура неопходна за старт на бродската линија, односно испсловување, впловување и закотвување на бродовите.
- Реконструкцијата на пристаништето се прави со цел да се воспостави бродската линија со Охрид, но јас сум убеден дека ќе даде еден целосно нов импулс за сите туристички услуги во Подградец и за сите други оператори кои ќе бидат заинтересирани, нагласил тој.
Стартувањето на бродската линија Подградец- Охрид-Струга е најавувана со години наназад. За доцнењето, градоначалникот на Подградец Артан Шкумби ја обвинил досегашната власт, која, како што рекол, „со нејзиното бирократско однесување ги попречувала двете земји да ја реализираат оваа идеја“. Тој очекува голем бенефит од стартувањето на бродската линија.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




