Александар Русјаков: „Девојчето и куклата што патува“ потсетува дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2025 13:56
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (18 февруари) во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, во рамките на „Денови на литературата“.
Сликовницата е објавена по повод 100 години од смртта на Франц Кафка. Станува збор за сликовница-омаж на најпознатата анегдота поврзана со Кафка. И покрај тоа што никогаш не е потврдена вистинитоста на случката и покрај тоа што постојат различни толкувања на околностите во кои се случила, со постојаното навраќање кон неа, таа стана неизбежен дел од биографијата на Кафка. Приказната во новата сликовница е дело на Александар Русјаков, за кого ова претставува свечено претставување во светот на литературата за деца на македонски јазик.
Русјаков, кој е попознат како автор за возрасни, изрази задоволство што имал можност да пишува за деца:
Во сликовницата Русјаков се држи до контурите на општоприфатената приказна, но со својот автентичен писателски израз, полн со лиричност и нежност, создава уникатно авторско дело, кое веруваме дека ќе стане ново омилено семејно четиво. „Девојчето и куклата што патува“ внимателно и метафорично зборува за минливоста на животот, за прифаќањето на загубата, за созревањето... а пред сѐ за љубовта.
– Поентата на сликовницата е дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма. Со оваа мисла Кафка ја дава суштината на приказната, но и на животот. Сѐ што нѐ опкружува е создадено од љубов и љубовта не се менува, ниту во смрт. Ако љубовта исчезне, тогаш знајте дека тоа не е љубов – изјави Русјаков.
Уредничката на книгата, Бисера Бендевска, истакна дека анегдотата за Кафка и изгубената кукла е еден од литературните митови што, иако не се потврдени како историски факти, добиле свој сопствен живот и се вкорениле длабоко во колективната имагинација:
На промоцијата во улога на девојчето од книгата беше младата Ива Мановска, која прочита делови од сликовницата.
Книгата е понудена и во специјално, ограничено пакување во форма на плик, со восочен печат. Во пликот, покрај сликовницата, има и шест разгледници од местата каде што патува куклата. Со ова се потсетуваме на една заборавена, но убава практика – да се праќаат писма и разгледници за време на патувањата.
Серијалот книжевни промоции продолжува в четврток (20 февруари) во 19 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоција на новата есеистичка книга „Дом во тишина“ на Никола Маџиров. Промотори на книгата ќе бидат Оливера Ќорвезироска и Владимир Јанковски. Првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот, на едно место ги собира сите есеи објавувани најчесто во превод, на други јазици, но не и на оригиналниот, на јазикот на којшто се напишани. „Дом во тишина“ е своевидно враќање дома на Никола Маџиров, во својот јазик. Изданието содржи триесетина есеи распоредени во три тематизирани циклуси именувани само со супстантивизирани придавки: Бездомни, Современи и Епистоларни. „Дом во тишина“ е многу значајна книга за современата македонска книжевност. Во „Дом во тишина“ се најдоа сите есеи на Маџиров претходно публикувани во светот, на други јазици, но и сосем нови.
В сабота (22 февруари) во 12 часот во „Литература.мк“ во „Ист гејт“ ќе се одржи работилница за деца инспирирана од Исидора Мун, со што Скопје ќе се приклучи во одбележувањето на интернационалниот „Исидора Мун ден“. Посетителите на работилницата ќе имаат можност да се дружат со Исидора Мун, да цртаат, бојат, и да изработуваат крилја. Исидора ќе поттикне насмевки и ќе ги развесели лицата на сите дечиња кои сакаат Facepaint (насликани лица). Исидора Мун е половина самовила, половина вампир и целосно уникатна! Препознатлива е по нејзините црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилја, како и по нејзиното најверно пријателче – Розовото зајаче. Во серијалот од авторката Хариет Мункастер, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, досега се објавени 15 книги посветени на Исидора Мун и три наслови со Мирабела, палавата братучетка на Исидора.
Во 18 часот, на истата локација ќе се одржи настан за сите фанови на мегапопуларниот „Покемон“. На интерактивниот настан, кој „Литература.мк“ го организира во соработка со „Комикс“ и „Пагода“, ќе се одржи размена на карти, ќе има едукативен и натпреварувачки дел, како и многу изненадувања и подароци. Исто така, ќе има и работилница за изработка на оригами. „Литература.мк“, како најголем застапник на производи инспирирани од светот на Pokémon, ќе обезбеди многубројни изненадувања и награди за македонските фанови. Pokémon е популарна јапонска франшиза, која се состои од видеоигри, анимирани серии и филмови, размена и игри со карти и друго. Франшизата се одвива во заеднички универзум, во кој луѓето коегзистираат со суштества познати како Pokémon.
Програмата на „Денови на литературата“ ќе биде заокружена в недела (23 февруари) во 12 часот, со весела дружба со Биби и Боби, во книжарницата „Литература.мк“ во „Ист гејт“.
Во рамките на продажната акција на петтото издание на „Денови на литературата“, што се одржува до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“, понудени се попусти на книги до 70%, грепки со подароци, книжевни промоции, интерактивна програма за деца и за фанови. Во продажната акција ќе има попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од 18 македонски издавачки куќи: „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Ид-концепт“, „Или-или“, „Мартина“, „Муза“, „Нампрес“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Сказнувалка“, „Слово“, „Светот на Биби“, „Три“ и „Чудна шума“. Продажната акција „Денови на литературата“ се одвива во сите книжарници на „Литература.мк“, во: „Дајмонд мол“, „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, ТЦ „Буњаковец“, на ул. „Македонија“ во Скопје, во Битола (на „Широк сокак“) и во Струмица, како и на најголемата е-книжарница www.literatura.mk.
„Литература.мк“ подготви и изненадувања за своите посетители – со купени книги во книжарниците во вредност од минимум 1500 денари следува грепка со подарок. Меѓу подароците се: комплети со книги од Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Блаже Конески, Орхан Памук, Милан Кундера, Д-р Неле Карајлиќ, Барак Обама и Мишел Обама, серијалите Хари Потер и „Темната граѓа“, „Прва училишна енциклопедија“, „Мојата прва библиотека“, „Мали умни глави“, детски класици на англиски јазик, како и блузони, зимски капи и друго. Секоја грепка е добитна!
Сите настани во рамките на „Денови на литературата“ се бесплатни за сите посетители.
Можеби ќе ве интересира
Придружете се на младинско движење за интернет без омраза
Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит

Роденденски подарок со „Титаниум“ на Државна лотарија за Лидија од Скопје
