20 Декември, 2025
0.0406

Алексеј Милер доби нов 5-годишен мандат на чело на „Газпром“

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2016 16:05

Добивај вести на Viber

Договорот на Алексеј Милер со рускиот енергетски гигант „Газпром“ ќе биде продолжен за период од пет години, пишува весникот „Коммерсант“, повикувајќи се на сопствени извори.

Владата во Москва ја одобри директивата на претставниците на државата во Одборот на директори на „Гаспром“, според која претседателот на Управниот одбор на компанијата ќе остане на функцијата уште пет години. Претстои усогласување на одлуката со претседателот Владимир Путин, но „тоа е чиста формалност“, тврди извор од Кремљ.

На овој начин Милер ќе остане на чело на „Газпром“ до 2021 година, останувајќи најдолго на таа позиција. Сепак неговиот нов петгодишен план ветува да биде посложен и од претходниот: позициите на руската компанија на пазарот стануваат се почуствителни.

Алексеј Милер се смета за највисоко платениот руски менаџер, а неговата годишна плата расте секоја година. Последната позната информација е од 2014 година, кога тој зел во форма на плати и дополнителни бонуси 27 милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба