АЛИ АХМЕТИ: Да ја постигнеме целта, на следните избори да го избереме првиот албански премиер
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2020
Лидерот на ДУИ,
Али Ахмети, денеска, на 18-годишниот јубилеј од формирањето на партијата, им го
честиташе денот симпатизерите, членството, активистите нагласувајќи дека Демократската
унија за интеграција ја одбележува годишнината како најголем субјект на
Албанците во нашата земја, наследник на Националната ослободителна армија и
легитимни претставници и апсолутни претставници на политичката волја на
Албанците во последните две децении.
-18 години останавме заедно во секој предизвик со кој се соочувавме, во безброј процеси за да се постигне целосна еднаквост, целосно да се интегрираме во НАТО и Европската унија, да го зголемиме квалитетот на животот, да ја осигураме иднината на нашите млади, пишува Ахмети во објавата на Фејсбук.
Ахмети, говорејќи за досегашните остварени цели на партијата, денеска повика на остварување на уште еден предизвик, уште една цел на партијата.
-Треба да ја соработката и поддршката, затоа што доаѓа нешто големо пред нас, нешто што ќе побара придонес на секој од нас. Ова патување го започнавме заедно пред 18 години, заедно се соочивме со секој предизвик и си верувавме едни на други, заедно ги определивме и ги исполнивме нашите цели и на оваа толку значајна годишнина за сите нас, ајде да ја одредиме целта заедно, на нашите следни избори да ја постигнеме целта, да избереме ценета, докажана и прифатлива личност, да го избереме ПРВИОТ албански премиер, вели Ахмети.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.