15 Декември, 2025
0.0392

Алијанса за Албанците на Села го напушта Ахмети – партијата ќе делува самостојно

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2025 22:51

Добивај вести на Viber

Партијата Алијанса за Албанците, крилото под раководство на Зијадин Села, ја напушта коалицијата Национална алијанса за интеграција, чиј предводник е ДУИ. Партијата ќе делува самостојно, а нејзините пратеници во Собранието ќе бидат независна група.

Претседателството на Алијансата за Албанците одржа состанок на кој се дискутираше за актуелната политичка состојба, процесот и епилогот од локалните избори, како и следните чекори.

„На последните локални избори, коалицијата со која учествувавме излезе како победник на национално ниво, со бројот на освоени гласови на листите за советници и бројот на освоени советници, но сме незадоволни од епилогот во градоначалничката трка, каде што се соочивме со моќен државен инженеринг и интеракции на албанските субјекти на власт со македонските партии од сите табори, со единствена цел да се реализира платформата на ВМРО-ДПМНЕ за дефакторизација на Албанците во земјата. Од овие сценарија, самите Албанци изгубија повеќе од нас како субјекти, бидејќи по централната власт, Албанците сега беа деградирани и на ниво на локалната власт“, се вели во партиското соопштение, потпишано од Зијадин Села.

Но, и покрај оваа ситуација, се додава, Алијансата за Албанците останува решена да ја брани националната кауза на Албанците во Македонија.

„По суштински и многу важни дискусии, членовите на Претседателството едногласно донесоа одлука за автономно дејствување на Алијансата за Албанците, додека во наредните денови пратениците на АА ќе ја обработуваат во Собранието одлуката за дејствување како независна група. Алијансата за Албанците останува силен опозициски глас на Албанците, одржувајќи комуникација со субјектите на албанската опозиција, за што навреме ги известивме и нашите досегашни коалициски партнери“, соопшти партијата.

Лидерот на дел од Алијансата за Албанците, Зијадин Села претходно постави три услови под кои би станал дел од владата.

Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро