Села се премисли: Од „нема шанса“, до три услови за влез во Владата
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2025 11:20
Лидерот на дел од Алијансата за Албанците, Зијадин Села постави три услови под кои би станал дел од владата. Тој за ТВ Шења вели дека за тој да биде дел од владата на Мицокски, треба да бидат исполнети следните услови – уставните измени и деблокада на процесот на интеграција во ЕУ, замена на формулацијата „20%“ со „албански јазик“ во Уставот и Уставниот суд да одлучува со Бадентеровиот принцип.
„Прво, уставните измени – деблокада на ЕУ, отстранување на 20% – воведување на албанскиот јазик во Уставот и одлуките што се носат со Бадентеровиот принцип да бидат вклучени и во Уставниот суд. Ова би биле три теми, доколку првично се реализираат, тогаш би можеле да се водат преговори со Алијанса за Албанците“, вели Села.
Оваа изјава пак, покажува омекнати ставови на Села, кој претходно велеше дека во ниту еден случај не би бил дел од владата.
Вели дека ќе има реорганизација на партијата и напуштање на коалицијата НАИ предводена од ДУИ.
„Во наредните денови ќе има иновации во овој поглед. Проценувам дека АА ќе мора да се реорганизира каде што е потребно. АА мора да се справи со себе, да стане опозиција, да ги заштити своите интереси. Ќе овозможиме коалицијата што постоеше до вчера да биде слободна. Во наредните денови овие теми ќе се дискутираат во рамките на партијата. Јас сум дел од Европскиот фронт. Коалицијата НАИ беше коалиција на локални избори. Работата е малку комплицирана“, рече Села.
И покрај тоа што двајцата се опозиција, ја исклучува можноста за обединување со Арбен Таравари. Вели дека сè уште не ја разбрал причината за разделбата, а во Таравари гледа нестабилна фигура.
„Нема да има обединување со Таравари, бидејќи сè уште не разбирам зошто се случи расколот. Не знам за какво обединување зборувате. Мислите дека можам да сонувам на големо и да сметам на Таравари за стабилност? За мене обединувањето со Таравари е невозможна мисија. За мене обединувањето на партијата е можно, но не и со Таравари“, рече Села.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




